Cosmo со гордост ја претставува серијата настани „Женски Разговори“, наменети да ги поттикнат, инспирираат и поврзат жените од сите области на животот. Во месец март ставаме особен акцент на жените и на сите аспекти од нивното функционирање и како сето тоа влијае врз општеството. Среќни и здрави жени значат и здрави семејства, а и заедници. Поддршката на жените во остварувњето на своите амбиции, капацитети и соништа треба да започне уште во рамки на семејството, а треба да продолжи за време на образовниот процес, за потоа да се отслика и во работната средина. За ова подеднакво треба да бидат свесни и жените, но и мажите.