Credissimo подари 500 бесплатни влезници за поддршка на Зоолошката градина во Скопје

Credissimo подели 500 бесплатни влезници за ЗОО со цел да го поддржи нејзиното работење и да ги поттикне граѓаните почесто да го посетуваат едно од најинтересните катчиња во главниот град.

credissimo-podari-500-besplatni-vleznici-za-poddrshka-na-zooloshkata-gradina-vo-skopje-01.jpg

На 25.04.2025 во периодот од 11:30 до 13:30 часот, на Плоштадот Македонија беа поделени бесплатни влезници на сите случајни минувачи. Credissimo, како долгогодишен пријател на Зоолошката градина, преку оваа општествено одговорна иницијатива одлучи да ја поддржи ЗОО Скопје во период кога цените за храната на животните се зголемија.

„Оваа поддршка доаѓа во вистински момент, со оглед на тоа што трошоците за одржување на Зоолошката градина во зимските месеци се повисоки. Среќни сме што преку оваа активност на Credissimo 500 деца и возрасни ќе уживаат во амбиентот на ЗОО Скопје, а во исто време тоа ќе нѝ помогне да обезбедиме доволно средства за да го потпомогнеме работењето на ЗОО“, вели Зоран Попов, дирекотор на Зоолошката градина Скопје.

Компанијата Credissimo, во последните неколку години, во повеќе наврати го поддржа работењето на ЗОО Скопје. Последната донација беше наменета за реконструкција на покривот на живеалиштето на крокодилот, а претходно беа обезбедени средства и за бојадисување на домовите на лавчињата и за поставување информативни и едукативни табли.

„Грижата за животните е еден од основните сегменти на нашата политика за општествена одговорност и токму затоа сметаме дека Зоолошката градина во Скопје ја заслужува нашата поддршка. Грижата за изградба на репрезентативна ЗОО во главниот град треба да биде на целата заедница, вклучувајќи ги и граѓаните, кои со секоја посета го помагаат нејзиното опстојување и надградување. Credissimo и во иднина ќе остане партнер на Зоолошката градина преку поддршка на разни активности“, порачуваат од Credissimo.     

Пред организирањето на настанот компанијата направи повик на социјалните мрежи до сите заинтересирани граѓани кои сакаат да добијат на подарок влезница за ЗОО Скопје. Credissimo во изминатите месеци обезбеди бесплатни билети за Зоолошката градина и за децата кои го посетуваат дневниот центар на здружението „Доза среќа“, како и за децата на своите вработени.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg