Пресметајте си го дневниот биоритам

Ако отсекогаш ве интересирало зошто некои денови сте среќни без никаква причина, а некои денови ништо не ви оди од рака, тоа најлесно ќе го откриете преку дневниот биоритам. Со нашиот калкулатор, пресметајте го вашиот биоритам.

dneven-bioritam-02.jpg

Теоријата за биоритамот на човекот тргнува од тоа дека секој поединец има различни емоционални, физички и интелектуални способности, па како последица на нив секојдневно минува низ поволни, неповолни и критични моменти.

Внесете го вашиот датум на раѓање за да си го пресметате дневниот биоритам:

Датум на раѓање:
 
Час на раѓање:
 
Изберете период:

 

Физички Емоционално Интелектуално Вкупно Астрален пекол
8/23
8/30
Денес
9/13
9/20

 

Биоритамот се дели на 3 посебни циклуси.

Посебно внимание посветете на денот кога сите три криви линии од биоритамот се пресекуваат.

Според боите на линиите, лесно ќе откриете кои денови се поволни, а кои неповолни.

1. Физички биоритам - Ги претставува сите физички карактеристики на организмот, како здравјето, силата и издржливоста.

Еден циклус трае 23 дена, од кои критични се 1 и 12 ден. Поволен е периодот од 2 до 11 ден, а неповолен од 13 до 23 ден.

2. Емоционален биоритам - Ги означува сите чувства и општото расположение.

Еден циклус трае 28 дена, од кои критични се 1 и 15 ден. Поволен е периодот од 2 до 14 ден, а неповолен од 16 до 28 ден.

3. Интелектуален биоритам - Ја означува креативноста и концентрацијата.

Еден циклус трае 33 дена, од кои критични се 1 и 17. Поволен е периодот од 2 до 16 ден, а неповолен од 19 до 33 ден.

Што е Астрален пекол?

Поимот астрален пекол се однесува на период низ кој сите хороскопски знаци ќе мора да поминат во текот на секоја година.
Овој момент им носи ниска енергија на знаците, па дури и нестабилност во емотивниот аспект.

Астралниот пекол се смета дека се случува месецот пред роденденот (период на Соларно враќање – времето кога Сонцето се враќа на своето место во нашите карти на раѓање).

Овој период кај народот е познат како турбулентна фаза во која сè оди наопаку и личноста поминува низ некакви страдања или тешкотии. Се верува дека во овој период работите не функционираат добро, здравјето може да биде малку ослабено, деловно да сте збунети, расположението и енергијата ниски... Како да мораме да поминеме низ некакво искушение пред да влеземе во нов циклус.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква поврзаност имаат фазите на Месечината со стапувањето во брак (и кога не треба да правите свадб... Кај нас, според некои традиции постојат уверувања дека терминот за свадба треба ...
3 хороскопски знаци на кои физичкиот изглед им е најважен во врските Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и важно им е да изгледаат доб...
Меркур е во ретроградна сенка: Што значи тоа и на што да внимавате? Знаевте ли дека негативното влијание на Меркур се чувствува две недели пред план...
Со какви проблеми ќе се соочите овој ретрограден Меркур, според хороскопскиот знак? Водолии, ќе бидете импулсивни и можни се многу недоразбирања со саканите, па и к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg