Ако сакате слатки работи, тогаш новото шарено кафуле во чаршија со уште пошарени пијалаци е вистинскиот избор за вас.
Ако ви здодеа од старите локали, тогаш на Илинденска ќе наидете на нешто ново - на кул локал со атмосфера како дома и со интересни мезиња.
Тука има мирис на минатото, на традицијата и парчиња мебел кои раскажуваат приказни... Кафуле во Скопје со винтиџ ентериер е уникатно доживување.
„Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство како да сте во друго време. Во нашиот дом преовладува минимализам, особено во колоритот“, вели Елена Петреска за CRNOBELO.com.
Среде овој уникатен, винтиџ локал има дури и дрво. Вистинска сцена од Македонските народни приказни, зарем не?
Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во домот на баба ви и дедо ви. Мирис на едно поедноставно време, придружено со вкусни мезиња, звучи добро, зарем не?
Некои од нив се штотуку отворени, други своето постоење го бројат во месеци, но сите се навистина слатки и се кул места за да го испиете вашето кафе.
Во некои од локалите владее пријатен, есенски амбиент со многу тикви и суви лисја, а дел од нив се потрудиле да направат страшна приказна со кул Halloween декорации.
„Детската соба за ќерката ја уредувавме сами, во време на короната - еден ден ми текна дека сакам да е во виолетова боја и сама ги кречев ѕидовите во 9-тиот месец од бременоста“, вели Ангела од Скопје за уредувањето на семејниот дом.
Место за сите романтичари кои чувствуваат носталгија за минатото, место каде има и грамофон и телефонска говорница, но и телефонот од баба.
„Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа, која од година во година станува сè поудобна за седење, а во дневната омилен ми е ѕидот од цигли“, вели Марија Тодоровска за CRNOBELO.com.
Многу домови низ Македонија веќе се сезонски украсени во најубавите бои на есента. Ајде на една кратка тура...
„Ова е голема куќа со 5 спални соби, гаража за 3 возила, посебна просторија за домашна канцеларија, трпезарија, кујна и огромен дневен простор“ – појаснува за CRNOBELO.com битолчанецот Сашо Божиновски кој живее во Тампа, Флорида.
„Во мојот дом ве пречекуваат топли, кремасто-жолти ѕидови, кои рефлектираат светлина и создаваат привлечна атмосфера со големите прозорци со полутранспарентни ленени завеси. Бојата на ѕидовите ја правев специјално“, споделува шминкерката Маги Медичи за CRNOBELO.com.
Од локали ѕидани од камен во чиј ентериер е вложено навистина многу до локали на кој најсилен адут им е надворешниот простор со зеленило, неколку предлог ресторани за викенд ручек...
Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопска чаршија е вистинското катче за тоа.
Ако патот ве одведе накај Куманово и не знаете каде да испиете кафе или каде да каснете нешто, тогаш изберете еден од овие локали...
Ммм, одлична скара и ракија од дуња... Звучи привлечно, зарем не? Ајде на викенд во Ниш!