„Имав желба да имам мое катче за шминкање во спалната соба, простор кој е лично мој. Сакав во станот да се чувствувам удобно, а по напорниот ден да уживам опуштајќи се со музика, но тоа да биде и простор кој ќе ме потсетува на организираност, ред и дисциплина“, вели Ева Јакимовска за својот дом.