На гости кај Ева Јакимовска: Стан од 65m2 во Скопје на поткровје со закосени тавани, во кој преовладува белата боја

„Имав желба да имам мое катче за шминкање во спалната соба, простор кој е лично мој. Сакав во станот да се чувствувам удобно, а по напорниот ден да уживам опуштајќи се со музика, но тоа да биде и простор кој ќе ме потсетува на организираност, ред и дисциплина“, вели Ева Јакимовска за својот дом која е главна и одговорна уредничка на магазинот „Бекстејџ“.

na-gosti-kaj-eva-jakimovska-stan-vo-kisela-voda-vo-bela-boja-so-ukrasi-podaroci-od-dragi-lugje-koi-odlichno-e-vklopuvaat-vo-prostorot-01.jpg

Ева Јакимовска (29) е главен и одговорен уредник на естрадниот магазин „Бекстејџ“, а работи и како ПР-менаџер. Таа од неодамна живее во стан од 65m2 во населбата Кисела Вода во Скопје, кој се наоѓа на поткровје и има закосени тавани.

Во домот на Ева преовладува белата боја и светли тонови, а деталите во боја го разигруваат просторот и му даваат живост.

na-gosti-kaj-eva-jakimovska-stan-vo-kisela-voda-vo-bela-boja-so-ukrasi-podaroci-od-dragi-lugje-koi-odlichno-e-vklopuvaat-vo-prostorot-24.jpg

За CRNOBELO.com, Ева вели дека иако на почетокот не знаела што точно сака да направи, денес е задоволна од крајниот изглед на нејзиниот дом и ужива во секој момент поминат таму:

„На почеток, пред да започнеме со уредувањето на мојот дом, најмногу време поминував на Pinterest, разгледувајќи различни стилови на уредување.

Не бев сигурна што е тоа што го сакам, но знаев дека сакам да биде нешто модерно и убаво.

na-gosti-kaj-eva-jakimovska-stan-vo-kisela-voda-vo-bela-boja-so-ukrasi-podaroci-od-dragi-lugje-koi-odlichno-e-vklopuvaat-vo-prostorot-03.jpg

na-gosti-kaj-eva-jakimovska-stan-vo-kisela-voda-vo-bela-boja-so-ukrasi-podaroci-od-dragi-lugje-koi-odlichno-e-vklopuvaat-vo-prostorot-18.jpg

Сакав да биде простор во кој ќе се чувствувам удобно, во кој по напорниот ден би уживала опуштајќи се со музика, но да биде и простор кој ќе ме потсетува на организираност, ред и дисциплина.

Може тоа е и една од причините поради кои ‘нередот го држам под контрола’.

na-gosti-kaj-eva-jakimovska-stan-vo-kisela-voda-vo-bela-boja-so-ukrasi-podaroci-od-dragi-lugje-koi-odlichno-e-vklopuvaat-vo-prostorot-06.jpg

na-gosti-kaj-eva-jakimovska-stan-vo-kisela-voda-vo-bela-boja-so-ukrasi-podaroci-od-dragi-lugje-koi-odlichno-e-vklopuvaat-vo-prostorot-16.jpg

Низ процесот на уредување на станот постојано бев во консултација со најблиските, а консултирав и стручно лице - архитект за ентериерот.

Секоја идеја беше добредојдена, а при реализацијата стануваше и многу подобра.

na-gosti-kaj-eva-jakimovska-stan-vo-kisela-voda-vo-bela-boja-so-ukrasi-podaroci-od-dragi-lugje-koi-odlichno-e-vklopuvaat-vo-prostorot-11.jpg

na-gosti-kaj-eva-jakimovska-stan-vo-kisela-voda-vo-bela-boja-so-ukrasi-podaroci-od-dragi-lugje-koi-odlichno-e-vklopuvaat-vo-prostorot-19.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg