Во домот на битолчанецот Сашо на Флорида: Куќа со базен, 5 спални соби и околу 400 растенија

„Ова е голема куќа со 5 спални соби, гаража за 3 возила, посебна просторија за домашна канцеларија, трпезарија, кујна и огромен дневен простор“ – појаснува за CRNOBELO.com битолчанецот Сашо Божиновски кој живее во Тампа, Флорида.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-01.jpg

Сашо Божиновски (49) е битолчанец по потекло, кого неговите сограѓани го знаат како „Сашо Краљ“. Роден и пораснат на битолскиот Широк Сокак, каде во минатото имал и свое фризерско студио, во 2013-та година одлучил да ја напушти Македонија и да си ја побара среќата прво на работа на крузер, а потоа и во САД.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-50-51.jpg

Денес дом му е Тампа, Флорида.

Самиот раскажува дека кога се преселил во САД, прво живеел на Флорида, за потоа две години да се пресели во Далас, Тексас, и потоа пак да се врати во Флорида, каде што живее во последните неколку години.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-03.jpg

Сашо е огромен љубител на растенија и животни, има две кучиња, два папагали, аквариум со над 50 рипки и околу 300 до 400 растенија.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-20.jpg

Тој во изјава за CRNOBELO.com раскажува дека во периодот кога со партнерот се вратиле на Флорида пазарот за недвижности не бил добар, па 2 години останале да живеат во стан во строгиот центар на градот.

„Размислувавме за купување куќа, но за жал пазарот за недвижности и не беше баш добар во изминатите години. Во тој стан останавме 2 години.

На почетокот на годината започнавме со потрага на она што се вика „куќа од соништата“. Конечно после еден куп видени куќи ја пронајдовме куќата каде денес живееме.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-04.jpg

Секако имавме листа за тоа што бараме и сакаме и оваа куќа имаше баш сè.

Ова е голема куќа со 5 спални соби, гаража за 3 возила, посебна просторија за домашна канцеларија, трпезарија, кујна и огромен дневен простор плус внатрешен балконски простор или фамилијарна соба, но и посебен простор – перална.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-08.jpg

Мојата куќа има огромен заден двор, простор за опуштање и базен, и секако голем двор од предната страна на куќата пред влезот.

Дворот и базенот можеби беа пресуден фактор за купување на куќата.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-05.jpg

За среќа ние го завршивме тој процес на купување релативно брзо, врз основа на нашата работа и заштедата која ја имавме“ – раскажува Сашо.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-06.jpg

Тој вели дека една од причините заради којашто се одлучиле за куќа со голем двор е францускиот булдог Бело, кој има 6 години, а ужива да биде надвор на сонце и да се топли.

„Од скоро го имаме и Бруно, 5 месечен ротвајлер. Едно големо, баш големо бебе, кое сака да трча низ дворот да се брка со Бело и секако да прави пакости.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-09.jpg

Покрај Бело и Бруно имам и два папагали, Роко и Луна, и исто така имам и два аквариуми со можеби 50 различни риби (повеќето од нив златни риби).

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-37.jpg

Но, не завршуваме тука.

Покрај оваа мини зоолошка градина, јас поседувам можеби, велам можеби, преку 300 или 400 растенија. Одамна престанав да ги бројам зошто навистина веќе и не можам.

Имам толку многу, а и немам толку многу. Има толку многу растенија што сè уште ги немам, но сè во свое време.

Домашни растенија, цвеќиња, тропски растенија, растенија дома, надвор – секаде. Имам банана дрва, ананаси, различни палми. Една мала џунгла“ – ни појаснува Сашо.

vo-domot-na-bitolchanecot-sasho-na-florida-kukja-so-bazen-5-spalni-sobi-i-okolu-400-rastenija-36.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
Во домот на Снежана: Куќа во Припор, уредена во кафеави тонови и двор со базен „Припор ни се допаѓа затоа што сме блиску до град, а сепак далеку од бучава и оп...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg