Во домот на Снежана: Куќа во Припор, уредена во кафеави тонови и двор со базен
- Детали
- сабота, 08 јуни 2024
„Припор ни се допаѓа затоа што сме блиску до град, а сепак далеку од бучава и опколени со природа, а куќата и дворот ги одржуваме сами со сопругот“ - раскажува Снежана за CRNOBELO.com, за домот во кој имаат и простор за рекреација со билјард, како и игротека за внуците.
Снежана Сирак и нејзиниот сопруг Руди живеат во прекрасна куќа во Припор, која таа ја добила во наследство.
Куќата е уредена претежно во кафеави нијанси – од гарнитура и трпезариска маса – до ѕидови, врати и други детали низ домот.
Големите прозорци и врати со стакло од горе до долу овозможуваат природна светлина, како и преграсен поглед кон природата во околината на куќата.
Освен големиот дневен салон, тие уживаат и во голем двор со базен, како и со простор за играње на нивните внуци.
За нивниот дом, Снежана за CRNOBELO.com вели:
„Идејата за куќата местоположбата, дворот и базенот е идеја на сопругот.
Припор ни се допаѓа затоа што сме блиску до град, а сепак далеку од бучава и опколени со природа.
Тоа што имаме можност да живееме тука е благодарение на мојата мајка Стојна, затоа што тој имот ни го има подарено како наследство од нејзините родители, што мене посебно ми е драго, затоа што корените ми се од овој крај Сопиште.
Кога станува збор за уредувањето, во горниот дел од куќата има дневна соба со трпезарија, кујна, две спални и игротека за внуците.
Долниот дел е гаража, а по скали се влегува директно во дневниот престој.
На секого топло му препорачувам ваква идеја на распоред, бидејќи е многу практичен.
Најмногу ми се допаѓа распоредот затоа што од гаражата влегувам по скали директно во дневен престој, па сум заштитена од кое било време, независно дали врне или е топло.
Долниот дел ни е простор за рекреирање, со билјард, караоке за вежбање и слично.
Горниот дел ни е 100 метри квадратни, а долниот кат кај гаражата и билјардот е 70 квадрати.
Од дневниот престој веднаш излегуваме во градината и базенот го користиме од април до октомври, затоа што ја топлиме водата.
Дворот, базенот и куќата генерално, сами ја одржуваме заедно со сопругот.
Целиот изглед со желби и идеи е заслуга на мојот сопруг, што е програмер, а не архитект, а сите што ни доаѓаат на гости прво гледаат во високите греди без плафон“.
Погледнете повеќе фотографии од домот на Снежана и сопругот:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





