Во домот на Ангела во Скопје: Светли бои и винтиџ бебешко креветче кое го користел и нејзиниот сопруг

„Детската соба за ќерката ја уредувавме сами, во време на короната - еден ден ми текна дека сакам да е во виолетова боја и сама ги кречев ѕидовите во 9-тиот месец од бременоста“, вели Ангела од Скопје за уредувањето на семејниот дом.

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-01.jpg

Ангела Костовска, по професија економист, живее во Скопје, во стан од 64м2. Во семејниот дом, во кој доминираат детали во бела, зелена и крем нијанса, живеат и сопругот и нивните две деца.

Стилот е едноставен, со чисти линии и внимателно избрани детали.

Сепак, Ангела вели дека омилена ѝ е детската соба, која самата ја бојадисувала кога била во 9-тиот месец од бременоста, а таму е сместено и детското креветче кое своевремено било на нејзиниот сопруг, а сега во него спие нејзиното синче.

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-20.JPG

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-19.JPG

За уредувањето на домот, Ангела раскажа за CRNOBELO.com:

Во овој дом се вселивме непосредно пред раѓањето на нашето прво детенце и тука живееме скоро три години.

Со сопругот имаме сличен стил и сакаме едноставност, практичност, светлина и свежина во домот.

Уредувањето на просторот го правевме сами.

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-24.JPG

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-15.JPG

Бидејќи знаевме дека во овој дом ќе растеме мали дечиња некое време, од почеток размислувавме просторот да е прилагоден за деца.

Биравме материјали кои лесно се чистат, не се оштетуваат и да се со заоблени рабови.

Ова ни беа главни критериуми при уредувањето, па во нашиот дом софата ја биравме да биде pet friendly што е еквивалент за лесно отстранување флеки и за мали дечиња.

Комодата, клуб масата, трпезаријата, наткасните и бирото на сопругот - сите се со заоблени рабови.

Исто така, за полесно одржување под мебелот, гледавме да има висина за да може роботот правосмукалка лесно да поминува.

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-22.JPG

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-14.JPG

Бидејќи најголем дел од денот сме во дневната соба и тука играат децата, просторот е прилагоден за нив и имаат и катчиња за нивните активности.

Се трудиме да имаме што помалку непотребни играчки и внимателно бираме дрвени играчки кои се едукативни и ќе траат.

А јас се трудам да имаат и двајцата соодветни развојни активности и „направи сам“ игри со рециклирање и употреба на материјали кои веќе ги имаме низ домот.

Ова навистина функционира кај нас да нема преголем неред од играчки.

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-21.jpg

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-27.JPG

Во домот доминира белата боја, со зелени, крем и црни детали.

Кујната иако е бела, лесно се одржува. За нас зелената боја во комбинација со белото е асоцијација на свежина.

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-28.jpg

vo-domot-na-angela-vo-skopje-pastelni-nijansi-i-vintidj-bebeshko-krevetche-koe-go-koristel-i-nejziniot-soprug-17.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg