Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела

„Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлекуваат двата клима уреди во златна боја, имаме 3 уметнички слики од Корубин, а омилен ни е балконот од 10 m2, опкружен со зеленило што е реткост во Скопје“ - Вероника Ефремова за CRNOBELO.com раскажува за уредувањето на новиот семеен дом. 

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-01.jpg

Вероника Ефремова (47), доктор на правни науки, работи како постар советник за владеење на право во меѓународна организација.

Неодамна, заедно со своето семејство, таа се преселила во стан во Карпош, кој заедно со професионален тим на архитекти, го реновирале и уредиле во класичен стил со елементи на модернизам. 

Во станот преовладуваат златните бои на елементите низ повеќе простории, а доминираат нијансите на кафеава и сива боја, но впечатливи се и библиотеките, бидејќи како што вели, сите се вљубеници во читањето. 

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-2.jpg

Во продолжение, Вероника за CRNOBELO.com раскажува подетално за уредувањето на нивното семејно катче:

Детството, тинејџерските години и факултетските денови ги поминав во Карпош и емотивно сум поврзана со оваа општина.

Затоа после десет години повторно со семејството се вратив да живеам тука и нашиот син да расте во средина која изобилува со паркови, зеленило и тематски забавни и спортски објекти.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela--.jpg

Уметноста и дизајнот се нашето секојдневие, нераскинлив дел од нашиот живот. Првиот стан во кој живеевме со семејството самите целосно го дизајниравме и уредивме пред петнаесет години.

Овој пат поради огромните секојдневни обврски беше неопходно да се ангажира професионален тим за станот во Карпош во кој се преселивме пред два месеци.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-19.jpg

Станот (71m2) беше во фаза на почетно реновирање. Бараше целосно архитектонско решение за изведбата и уредувањето на просторот.

Просторот во кој живееме треба да е рефлексија на нашата енергија, израз на нашата лична и уникатна иновација за создавање стилизиран ентериер.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-24.jpg

Основниот принцип за совршен домашен декор е, се разбира, малку повеќе од комфор со одреден стил. Тоа е одраз на нашата индивидуалност каде секој член од семејството има свое организирано катче во кое креативно твори и ужива.

Во однос на идејата за дизајнот имав целосна претстава како сакам да изгледа со веќе избрани бои, детали и парчиња мебел. Сепак, беше неопходно сето тоа да се исцрта во 3Д и моите желби да се преточат во проект кој ќе се изработи.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-07.jpg

Во денешно време кога се уредува внатрешен ентериер во домот најголема среќа е да најдеш тим од архитекти и мајстори кои ефикасно и навремено сето тоа ќе го изработат.

Затоа сум неизмерно благодарна на архитектите Андреј Клинчаров и Ена Савева кои сите мои замисли ги преточија во идејно решение за дизајн на просторот.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-15.jpg

За време на процесот секако имаше непредвидени изненадувања (како на пример потреба за рушење на два ѕида, како и промена на одредени позиции и тонови на бои, но, сето тоа беше во насока на создавање на идеално катче за секој од нас.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-10.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
Во домот на Снежана: Куќа во Припор, уредена во кафеави тонови и двор со базен „Припор ни се допаѓа затоа што сме блиску до град, а сепак далеку од бучава и оп...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Марија и Сашо во Кавадарци: Стан од 75m2, со многу саксиски цвеќиња, кој од корен го пре... „Неисполнетата желба за прозорци без завеси и поглед од високо, ја компензираме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg