Џенифер Гарнер го покажа домот каде што Бен Афлек „се криеше“ пред разводот со Лопез - оаза од 8 милиони евра во Л.А.
- Детали
- четврток, 05 септември 2024
Гарнер ја изгради куќата во Лос Анџелес по разводот со Афлек пред 6 години - токму таму Бен бараше прибежиште додека траеше драмата околу разводот со Џенифер Лопез.
Актерката Џенифер Гарнер веќе неколку години живее во куќа на едно од брдата над Лос Анџелес, дом од 8 милиони евра, кој го изгради по разводот со Бен Афлек во 2018 година.
Тоа е и местото каде што нејзиниот поранешен сопруг, Бен Афлек бараше прибежиште и „се криеше“ додека траеше драмата со разводот со Џенифер Лопез.
Гарнер ги отвори вратите на својата куќа за магазинот Architectural Digest, кој објави фотографии и видеа од нејзината „мала оаза среде холивудската џунгла“, како што самата го нарекува.
„Сакав просторот да делува рустично, да го има оној старински шмек, да дава чувство на топлина, но и сите што ќе дојдат да се чувствуваат пријатно, не само јас“ - рече таа во интервјуто.
Во домот на актерката доминираат дрво и природен камен - во скоро сите соби е впечатлив дрвениот мебел, а во истиот стил се и ѕидовите во неколку соби.
Куќата е со спуштен таван кој е „украсен“ со дрвени греди.
Боите се земјени и смирени, што му дава топлина на просторот.
Тука се и големите стаклени прозорци, поради кои целиот простор е светол и делува многу попространо.
Куќата има две спални соби, три детски соби, огромна кујна и голема дневна соба, кои излегуваат на базенот.
Просториите се уредени со парчиња модерен, но и винтиџ мебел и многу детали и семејни фотографии.
Но, Гарнер признава дека омилен дел од домот ѝ е дворот, каде што освен базенот и летниковецот, има огромен тревник и мала градина во која одгледува овошки, но и бројни дрвја, кои му даваат природна сенка на просторот.
Таму Џенифер го поминува поголемиот дел од денот кога е дома - чита книги покрај базенот, си игра со своите миленици, но и организира седенки за семејството и блиските пријатели.