На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2

„Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде што нашите деца ќе може да уживаат секојдневно, беше пресудна за нашата одлука да изградиме дом што го сонувавме. Целиот процес на изградба и уредување траеше 9 месеци, и низ секоја фаза уживав да бидам активно вклучена“ - раскажува за CRNOBELO.com Ивана. 

na-gosti-kaj-ivana-nune-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-crno-i-dvor-od-100m2-koj-e-oaza-za-uzhivanje-01.jpg

Ивана е дипломиран бизнис менаџер, моментално работи од дома како координатор на турска болница за операција на желудник и естетика, додека нејзиниот сопруг Раде Нуне е професионален музичар и фронтмен на бендот „Бендот на Браќа Нуне“. 

Нивната семејна куќа се наоѓа во Скопје, на само неколку минути од центарот на градот, со внатрешна површина од 85m² и двор од 100m².

Во домот преовладува хармонична комбинација на светли и топли тонови, со доминација на црни детали во речиси секоја просторија, освен детската соба. 

За преселбата и уредувањето на домот, Ивана за CRNOBELO.com вели: 

„Пред неколку недели се преселивме во новиот дом. Досега живеевме во стан, но желбата за простор, куќа со двор и место за релаксација, каде што нашите деца ќе може да уживаат секојдневно, беше пресудна за нашата одлука да изградиме дом што го сонувавме.

na-gosti-kaj-ivana-nune-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-crno-i-dvor-od-100m2-koj-e-oaza-za-uzhivanje-02.jpeg

Среќна сум што успеавме да го реализираме тоа пред 30-тата година од животот.

Кога почнавме со уредување, имав јасна визија за стилот и атмосферата што сакам да ја создадам, па затоа со голема радост се посветив на секој детаљ заедно со дизајнерката Софија од студиото за дизајн кое го ангажиравме.

na-gosti-kaj-ivana-nune-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-crno-i-dvor-od-100m2-koj-e-oaza-za-uzhivanje-08.jpeg

Меѓу најважните аспекти за мене беше домот да ги отсликува нашите лични вредности, а Софија успешно го направи ова, создавајќи место кое е уникатно и целосно наше.

Нејзината креативност и идеи беа од голема помош, но сепак, имав слобода да додадам свои елементи и да ја реализирам визијата што ја носев во себе. 

na-gosti-kaj-ivana-nune-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-crno-i-dvor-od-100m2-koj-e-oaza-za-uzhivanje-05.jpeg

Денес, куќата изгледа токму онака како што ја замислувавме на почетокот – современ уникатен простор кој зрачи со топлина.

Црната боја беше мојот избор, бидејќи додава софистицираност и елеганција, додека крем и зелените детали го комплетираат просторот, носејќи топлина и свежина.

na-gosti-kaj-ivana-nune-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-crno-i-dvor-od-100m2-koj-e-oaza-za-uzhivanje-09.jpeg

Стилот е современ, со минималистички линии, но сепак секој ќош нуди удобност и чувство на мир.

Секој дел од мебелот е направен по нарачка за да се вклопи совршено, и сите детали се внимателно избрани баш онака како што беа на завршниот проект кој го добивме од Софија.

na-gosti-kaj-ivana-nune-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-crno-i-dvor-od-100m2-koj-e-oaza-za-uzhivanje-20.jpeg

na-gosti-kaj-ivana-nune-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-crno-i-dvor-od-100m2-koj-e-oaza-za-uzhivanje-12.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg