„Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат патувам сама, на моменти беше застрашувачко и осамено, но уживав во овие 6 дена со добра музика, храна и вино низ прекрасните паркови, стрмните улички со шарени згради, музеи.лисабон има топлина и добри луѓе кои по улица ти посакуваат добар ден“ – раскажува за CRNOBELO.com Илина Димовска од Скопје и споделува совети од нејзиното искуство.