„Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме воведе во овој свет. Често патувавме заедно, а таа знаеше да патува и со своите другарки. Нејзините приказни од Тајланд, Индија, Египет, Италија, ме натераа да мечтаам за сите дестинации кои ги посетила. Секој сувенир што го носеше, од магнети, слончиња, па до сари од Индија, ја засили мојата желба да посетувам нови земји“, вели Анамарија од Скопје.