Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно“

„Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека пробав, беше вкусно, ама знаејќи дека е морско прасе, не можев целосно да уживам како во другите оброци“, открива битолчанецот Бранко Илиевски кој беше во Перу.

branko-ilieski-za-patuvanjet-vo-peru-da-me-vratihs-100-pati-na-macu-picku-nema-da-mi-e-zdodevno-a-tamu-lokalcite-jadat-morski-prasinja-01.jpg

Бранко Илиески е битолчанец кој веќе многу години живее во Мелбурн, а секој слободен момент го посветува на патување низ светот.

Неговата желба да ги осознае разните култури и традиции што постојат околу нас се доволна мотивација за долги и неуморни патешествија.

Во продолжение следува разговор со Бранко кој ни раскажува за неговото патување во Перу:

Бранко, зошто се одлучи за Перу?

Хм, зошто Перу? За убавите Анди, историјата на Инките, пејзажите, традицијата, раскажувањата на еден мој пријател за тамошните убавини…

И, секако, Мачу Пикчу – едно од светските чуда.

branko-ilieski-za-patuvanjet-vo-peru-da-me-vratihs-100-pati-na-macu-picku-nema-da-mi-e-zdodevno-a-tamu-lokalcite-jadat-morski-prasinja_10.jpg

Како изгледаше маршрутата на целото патување?

Маршрутата ја започнав во Лима, каде гледав еден традиционален фестивал во центарот на градот што многу ме воодушеви, после тоа летав за Куско, па следуваше Мачу Пикчу, па Пуно и езерото Титикака, кое се граничи со Боливија.

branko ilieski za patuvanjet vo peru da me vratihs 100 pati na macu picku nema da mi e zdodevno a tamu lokalcite jadat morski prasinja 18

Кога ќе се присетиш на патувањето во Перу, кои беа највозбудливите моменти што ги доживеа таму?

За мене секој ден беше ново доживувања, секое место, секој поглед, секој човек што го запознав…

Но, ако треба да одвојам тоа би биле доживувањата на езерото Титикака и Планината на виножитото.

branko ilieski za patuvanjet vo peru da me vratihs 100 pati na macu picku nema da mi e zdodevno a tamu lokalcite jadat morski prasinja 9

Кои градови и места ги посети во Перу? Кои од нив посебно ти се драги?

Од градовите ги посетив Лима и Куско, како и уште многу попатни гратчиња.

Секое место си има своја убавина, едноставно бев воодушевен од сè што гледаа моите очи.

branko ilieski za patuvanjet vo peru da me vratihs 100 pati na macu picku nema da mi e zdodevno a tamu lokalcite jadat morski prasinja 14

Мачу Пикчу е еден од најпознатите локалитети во Перу. Раскажи ни нешто повеќе за твоето искуство од посетата на светското чудо. Ги исполни ли твоите очекувања?

Да ме вратиш 100 пати на Мачу Пикчу, нема да ми е здодевно. Прекрасно место, со воодушевувачки поглед од каде што може да се гледа изгревањето на сонцето.

Локалитетот е богат со неверојатна историја за луѓето коишто на времето живееле таму. Водичот ни раскажуваше толку многу приказни, што едноставно не сакав да пропуштам ниту збор.

branko ilieski za patuvanjet vo peru da me vratihs 100 pati na macu picku nema da mi e zdodevno a tamu lokalcite jadat morski prasinja 21

Како се подготвуваше за местата со голема надморска височина?

Подготовката траеше подолг период. Не можеш во еден ден да бидеш подготвен за толкава надморска восочина.

Куско е на 3.400 метри надморска височина, езерото Титикака е на 3.800 метри, а Мачу Пикчу е на 2.500 метри.

Јас се искачив до 5.300 метри надморска височина на Андите, поточно на Планината на виножитото.

На таа височина воздухот е многу редок, го почувствував тоа, ама јас лично немав никаков проблем зошто постојано сум активен на секое поле.

branko ilieski za patuvanjet vo peru da me vratihs 100 pati na macu picku nema da mi e zdodevno a tamu lokalcite jadat morski prasinja 3

Каква е храната во Перу? Што најмногу ти се допадна од нивната кујна?

Храната е разновидна. Имаат многу видови компири, јадат многу салата, како и риба, телешко и пилешко, а јадат и месо од лама и алпака. Јас не сум пребирлив, така што пробав од сè!

Јадат и морски прасиња. Ги наденуваат на долг кол и ги печат на жар како во фурна. Тоа повеќе е наменето за туристи или за некои специјални моменти, како родендени или свадби.

Секако дека пробав, беше вкусно, ама знаејќи дека е морско прасе, не можев целосно да уживам како во други оброци.

Морам да го издвојам и нивниот традиционален пијалак, писко, кој многу потсетува на нашата ракија, па дури и се подготвува на ист начин.

branko ilieski za patuvanjet vo peru da me vratihs 100 pati na macu picku nema da mi e zdodevno a tamu lokalcite jadat morski prasinja 12

Перу е дом на неверојатна биолошка разновидност. На што сè налета таму?

Токму така, многу семејства чуваат кучиња, мачиња и кокошки како домашни миленичиња.

Мене интересни ми беа средбите со алпака и лама. Посебно задоволство ми направи кога видов кондор со раширени крилја…

branko ilieski za patuvanjet vo peru da me vratihs 100 pati na macu picku nema da mi e zdodevno a tamu lokalcite jadat morski prasinja 11

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg