15 моменти од Златна Бубамара ’25 кои (најверојатно) нема да ги видите на телевизија
- Детали
- четврток, 20 февруари 2025
Додека Тошо Малерот чека да влезе во салата покрај него има полицаец кој личи како да го апси, актерката Дарја Ризова скришно си ја слика добиената награда, Индира Кастратовиќ телефонира - интересни моменти од Златна Бубамара '25 кои (најверојатно) нема да бидат прикажани на телевизија...
„Златна Бубамара на популарноста“ веќе 28 години е најголемата културно музичка манифестација кај нас.
Одлични водители, врвни музички настапи, внимателно осмислено сценарио, шеги на кои (скоро) никој во публиката не може да остане рамнодушен.
И сето тоа спакувано во повеќе од 4 часа забава за неколкуилјадната публика во салата, а потоа споени и во одлично телевизиско шоу за гледачите.
И покрај тоа, секоја Златна Бубамара има и моменти кои (најверојатно) нема да ги видите на телевизија.