Мајката на Фрида (5), колекционерка на очила: „Ќерка ми има 150 пара очила во сите бои, тие ѝ се омилен моден додаток“
- Детали
- четврток, 10 април 2025
„Детски очила за сонце купуваме откако се роди Фрида, значи повеќе од 5 години. Никогаш не сум имала идеја да создаваме колекција, едноставно сакавме да ги имаме во сите бои и во повеќе модели, па така спонтано и дојдовме до бројката од 150 пара очила денес“, споделува Маја, мајката на малата модна инфлуенсерка Фрида (5) за CRNOBELO.com.
Маја (37) од Скопје е мајка на малите модни инфлуенсери Фрида (5) и Мика (2).
Фрида веќе неколку години успешно презентира модни комбинации за најмалите, а нејзин омилен моден додаток се очилата за сонце, па во својата колекција има 150 пара очила.
За малата колекционерка поразговаравме со нејзината мајка Маја, која за CRNOBELO.com вели:
„Детски очила за сонце купуваме откако се роди Фрида, значи повеќе од 5 години.
Никогаш не сум имала идеја да создаваме колекција, едноставно сакавме да ги имаме во сите бои и во повеќе модели, па така спонтано и дојдовме до бројката од 150 пара очила денес.
Кога се роди Фрида, моделите на очила кои мене ми се допаѓаа, ги немаше кај нас, па ги порачував надвор од Македонија, а потоа почнав да купувам и од тука.
Претежно, тоа се моделите што се исти како за возрасни, само во мини варијатна.
И денес, овие модели ми се омилени, за разлика од Фрида, која сака типични детски очила, со срциња, ушиња, мачиња, светки и слично. Заради неа, во нашата колекција имаме и вакви модели.
Љубовта кон очилата за сонце ја пренесовме и на братчето на Фрида, Мика, кое исто така покажува љубов кон очилата, па често си зема сам некој пар и си ги става на очи.
Тој има 2 години и има околу 10 пара негови очила за сонце. Но, и покрај тоа што има свои, повеќе сака да ги „краде“ очилата од сестра му и да ги носи нив.
Сите очила на децата ги чуваме во нивната детска соба, во фиоки.
Попрактично ми е истите да не бидат во футроли, за побрзо и полесно да ги најдеме.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





