Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“

„Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, купи подароци за сите, дури и за баба ми. Моите го засакаа од самиот почеток, ама јас ги подготвував дека не смеат да кажат нешто што не треба, да не ме посрамотат“, вели Јелена Спенџарска и за CRNOBELO.com ја раскажа љубовната приказна со Лукас. 

ljubovnata-prikazna-na-jelena-spendjarska-i-lukas-poradi-mene-sakashe-da-se-preseli-vo-skopje-01.jpg

Јелена Спенџарска повеќе од две години е во среќна врска со нејзиниот сакан Лукас.

Човекот на својот живот го запознала кога најмалку очекувала, додека опуштено лежела на плажа на Халкидики со своја другарка и нејзиното дете, но личело на сцена од романтичен филм.

Она што почнало како обичен разговор меѓу нив, за кратко време се претворило во вистинска љубов, а за CRNOBELO.com Јелена призна дека многу брзо по запознавањето се заљубила, па ѝ било тешко што Лукас е предалеку од неа и што морале да се гледаат само за викенд.

Но, по две прекрасни години заедно, таа е неизмерно среќна.

Ни раскажа и за запознавањето на Лукас со нејзините родители, како ја поканил да се пресели во неговиот роден Солун, но и дека бил подготвен да дојде да живее во Скопје ако таа не може да оди таму поради работата.

ljubovnata-prikazna-na-jelena-spendjarska-i-lukas-poradi-mene-sakashe-da-se-preseli-vo-skopje-14_copy_copy.jpg

За својата љубовна приказна, која ја пишуваат заедно со Лукас, Јелена ни раскажа во разговорот:

Со Лукас сте подолго време во врска. Каде и како се запознавте?

Се запознавме во Грција пред две години. Јас бев на 167-ми одмор таа година, бев во онаа фаза на одмарање и пронаоѓање на самата себеси.

Прошетав доста во тој период, имав многу авантури со самата себе и случајно решив последниот одмор да ми биде во Грција.

Ова не беше однапред испланирано, туку го испланирав за 5 минути со една моја пријателка.

Да бидам искрена, никогаш не сум сакала да одам на одмор во Грција, секогаш сум планирала некоја друга дестинација.

А бидејќи требаше да бирам дали ќе останам во Скопје на жештините или да отидам во Грција, се решив да отидам со пријателката на море.

Лукас го запознав буквално првата вечер и тоа доцна, накај 7-8 навечер, додека лежев на лежалка.

На плажата имаше малку луѓе, само оние што сакаа да го дочекаат зајдисонцето, повеќето веќе си беа отидени.

ljubovnata-prikazna-na-jelena-spendjarska-i-lukas-poradi-mene-sakashe-da-se-preseli-vo-skopje-07.jpg

Кој кому му пријде прв? Се сеќаваш ли на првиот разговор или што ти кажа кога се запознавте?

Уште не можам да објаснам како се случи сè. Тој беше со друштвото, некои десетина луѓе и играа на плажата со некое топче.

И знаеш, како во филмовите, топчето ќе дојде кај тебе, па ти ќе го фрлиш – баш беше филмска ситуација.

Не беше тоа класично запознавање, да ми пријде, па да ми се додворува, немаше такво нешто. Затоа и немаше хемија на почетокот, т.е тој ден.

Баш беше така - дојдоа некои луѓе, им фрлив топка, направиме муабет „кај си, што си, од кај си“…

Јас тоа не го сметав за ништо сериозно – дошле некои рандом луѓе да седат со мене на плажа и да си правиме муабет.

ljubovnata-prikazna-na-jelena-spendjarska-i-lukas-poradi-mene-sakashe-da-se-preseli-vo-skopje-03.jpg

Значи, тоа не беше љубов на прв поглед...

На втор. Ми се случи љубов на втор поглед со Лукас, пошто првата средба ни помина така, опуштено на плажа.

Знаеш како ни се продлабочи комуникацијата? Со Лукас си разменивме телефони затоа што со другарката сакавме да отидеме на вечера во еден ресторан.

Таа ми предложи да го побарам, беше шпиц на сезона, па ми рече дека е посигурно да направиме резервација ако некој зборува на грчки.

Му се јавив и му реков: „На телефон е Јелена, се запознавме вчера. Со другарка ми сакаме да одиме на вечера“ и ми беше глупаво дека само за нас, па додадов: „И те каниме да дојдеш со нас“.

Ми рече да му дадам 15 минути, бидејќи е зафатен ама дека ќе ми се прејави.

Кога ме побара ми кажа дека ни направил резервација и дека би сакал да ни се придружи ако важи понудата.

Па така, на вечерата бевме ние двајца и мојата другарка со нејзиното дете.

ljubovnata-prikazna-na-jelena-spendjarska-i-lukas-poradi-mene-sakashe-da-se-preseli-vo-skopje-16.jpeg

Со другарката малку го згрешивме патот, па кога стигнавме во ресторанот, тој веќе седеше таму.

И точно се сеќавам како да беше вчера - јас влегов прва во ресторанот, и не знаев каде ни беше масата, ама се свртев во лево, како да очекував да е таму и го здогледав Лукас.

Тој носеше бела кошула и светло плави ленени панталони, ете и на тоа се сеќавам.

И кога го погледнав знаев дека гледам во човекот на мојот живот.

Не знаеш какво чувство ми се појави во истиот момент, не знаеш каква љубов почувствував за некој што го гледам вторпат во животот и знаев дека ќе „завршам“ со него.

А уште не бев ни стигната до масата. Одев натаму, а нозете ми се тресат, и по тоа знаев дека стварно има нешто.

И сега, јас сум многу зборлеста, ама цела вечер бев многу умерена во тоа што го кажував, сакав да се претставам најдобро, си викав „леле да не лупнам некоја глупост“.

Цела вечер разговаравме, ама јас уште тогаш знаев дека тој е мојот човек.

Лукас беше вистински џентлмен на таа прва средба - тој ми ставаше вода во чашата, пијалак, не јас.

Истото го прави и денес, има такви манири. Тоа му е семејно воспитување.

ljubovnata-prikazna-na-jelena-spendjarska-i-lukas-poradi-mene-sakashe-da-se-preseli-vo-skopje-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg