Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“

„На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги измислувам. Ќе отворам книга и ќе видам, на пример, волк, па не гледам што пишува, туку си измислувам своја приказна. Моша ќе ми каже дека не е така, па почнува тој да ми раскажува. Ама, мислам дека функционираме многу добро“, вели Слаткар за татковството.

slatkar-za-tatkovstvoto-cel-zhivot-chekav-da-stanam-tatko-01.jpg

Марко Маринковиќ Слаткар и неговата сопруга Сања се горди родители на 4-годишниот Моша.

Малото момче со руса коса е копија на двајцата родители, со крупни сини очи и прекрасна насмевка, иако, Слаткар низ смеа вели дека кога синот „ќе збесне“, тој знае на Сања да ѝ каже дека Моша „го наследил најлошото од двајцата“.

Во разговор за CRNOBELO.com, Слаткар искрено вели дека долги години се подготвувал да стане татко и едвај чекал да се роди бебето.

„Сигурен сум дека имам мани и како човек, и како пријател, и како сопруг, и како артист, но не и како татко. Не можам да си најдам некоја мана или гаф како татко“, вели Слаткар.

slatkar-za-tatkovstvoto-cel-zhivot-chekav-da-stanam-tatko-12.jpg

За предизвиците на татковството, какво дете е Моша, приказната за неговото уникатно име, Слаткар ни раскажа додека пиевме кафе во еден скопски локал: 

Се сеќаваш ли на моментот кога првпат го виде Моша? Какво беше чувството? Дали можеби беше покрај Сања кога таа се породуваше?

Чувството беше многу „зезнато“ затоа што го видов во сред карантин.

Поминував 10 обрачи на „обезбедување“ за да го видам, бев со маска.

Ама, кога го кренав, првпат се осетив ко да го имам светот во раце. Тоа беше најубавото чувство во животот.

slatkar-za-tatkovstvoto-cel-zhivot-chekav-da-stanam-tatko-02.jpg

Ти беше страв да го фатиш во рацете во прв момент?

Да, многу. Ми беше страв да не му направам нешто. Ама, после неколку месеци мислам дека „жонглирав“ со него. Ама, нели, нормално е, прво дете е, па некако природно е да имаш стравови.

Кога беше бебе, колку ѝ помагаше на Сања во обврските со него, да се избања, преоблече, смени пелена?

Константно сум му менувал пелени, сум го бањал, но многу ретко сум станувал навечер, пошто спијам ко топ.

Мислам дека да се дерат 10 бебиња, нема да се разбудам.

Сања, кутрата, најмногу „го јадеше“ со тоа неспиење. Но, јас се трудев секогаш да бидам добар чирак.

slatkar-za-tatkovstvoto-cel-zhivot-chekav-da-stanam-tatko-03.jpg

Се шетате ли сами со Моша, само машко друштво? Како изгледаат тие моменти?

Да, цело време. Мислам дека дури и многу повеќе го шетам, бидејќи немам обврски околу домот како Сања, па гледам ако не секој ден, барем секој втор ден да излеземе со Моша.

Тоа може да е прошетка во парк, знам да го однесам во игротека, а често го носам и во Ново Лисиче каде што има огромни површини за играње и така да го исчеличам малку.

Инаку, кога сме излезени тројцата и му се оди во веце, мене ме бара да го однесам.

На почетокот ми беше непријатно сред бел ден да му го вадам к**ето во сред тревник, ама после сфатив дека тоа е нормално, тој е сè уште мало дете, а и многу родители го прават истото.

Во главно ни е многу забавно, а јас се трудам да не го разгалувам и мислам дека успевам во тоа, но и дека се снаоѓам многу добро како татко.

slatkar-za-tatkovstvoto-cel-zhivot-chekav-da-stanam-tatko-08.jpg

Дали му раскажуваш приказни и која му е омилена, или повеќе сакаш да му пееш?

Му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги измислувам.

Знаеш, ќе му отворам книга (тој ја вика кинга) и ќе видам, на пример, волк, и не гледам што пишува, туку си измислувам своја приказна.

И тој ќе дојде: „Тато, не е така таа приказна“ и почнува тој да ми раскажува. Ама, мислам дека функционираме многу добро.

slatkar-za-tatkovstvoto-cel-zhivot-chekav-da-stanam-tatko-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg