Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвезда да не загинеше“

„Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?“. Претходно имаше 2-3 измислени муабети дека нешто му се случило, па му реков да ги игнорира. Но, кога го вклучив телевизорот, долу одеше кајрон за сообраќајката. Ми беше тотален шок, ми требаа неколку дена да се соземам“ - се сеќава за CRNOBELO.com музичарот кој 5 години свиреше со Тоше на сите негови концерти.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-01.jpg

Драган Ѓуроски - Роки (55) преку 30 години е дел од музичката сцена кај нас.

Човекот кој обожава блуз и фанк, кој беше препознатлив по енергичните свирки во живо со Blue Funky Individuals, во 2002-ра година доживеа пресвртница во кариерата, откако со момците од бендот почна да свири со Тоше Проески на неговите концерти и настапи во живо.

Тоа што и 17 години по смртта на пејачот, многумина го препознаваат како „Роки од бендот на Тоше“ не му пречи, напротив.

Но, искрен е кога вели дека не очекувал по скоро две децении публиката да го памети, па дури и помладите генерации понекогаш да го застанат и да побараат да им раскаже некои од своите спомени за Проески.

А спомени има многу. Се создаваа 5 години, колку што свиреше заедно со Тоше и го следеше на неговите концерти не само кај нас, туку и во регионот.

Роки беше со Тоше и на неколку настапи во Америка, а му пееше и придружни вокали на Евросонг во Истанбул.

За него, Тоше беше и ѕвезда, но и пријател и соработник.

„За Тоше, најдоброто допрва ќе дојдеше. Имаше огромни планови, кои знам дека ќе се оствареа - ќе беше светска ѕвезда, а ние ќе се гордеевме со неговите успеси“ - вели Роки.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-19_copy.jpg

Денес, на денот на раѓањето на Тоше (25.01), кога пејачот требаше да наполни 44 години, Роки за CRNOBELO.com раскажа дел од своите сеќавања, сподели моменти кога и самиот останал со подзината уста пред големината и влијанието што го имаше Тоше, но и како ги доживеал концертите на стадион преку своите очи.

Прочитајте го интервјуто Роки за CRNOBELO.com во продолжение:

Публиката, не само кај нас, туку и во регионот, те препознава како Роки од бендот на Тоше. После сите овие години, како реагираш на тоа, особено што свиреше/пееше и пред тоа, а и сега имаш бенд со кој настапуваш?

Да, во времето пред да почнеме да свириме со Тоше, јас повеќе пеев и имавме со бендот некоја популарност локално, а нè знаеја луѓе кои доаѓаа на ноќните, клупски свирки што ги правевме, што беа љубители на типот на музика што ние го свиревме, односно рок, блуз, џез, фанк.

Но, најголемата препознатливост сите од бендот ја добивме откако почна проектот со Тоше, прво со концертите низ Македонија кои почнаа во 2002-ра.

Се сеќавам, луѓето оттогаш почнаа баш да нè препознаваат.

Тогаш првпат влеговме во светот на поп музиката, на нешто што е популарно, комерцијално.

Почнаа да нè препознаваат сите - од деца, до баби и дедовци. Се најдовме во нова ситуација, нешто што дотогаш го немавме искусено.

Искрено, се чудам што ова препознавање уште трае.

Откако почина Тоше, мислев дека по одреден временски период, тоа ќе спласне, луѓето ќе заборават.

Но, не! Тоа си трае и ден-денес, и сега правиме интервјуа за тој период и за Тоше, и денес ме застануваат луѓе на улица, се интересираат за него, па се трудам да им одговорам како било во тоа време.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-10.jpg

Како се случи соработката со него? Дали беше по нечија препорака, се знаевте од музички кругови, тој ве побара да свирите со него...?

За ова имам два муабети – мојот и приказната на Таци од бендот.

Мојата приказна оди вака: Тоше дојде со неговиот учител по гитара на наша свирка во „Маракана“, ама јас во тој момент воопшто не помислив дека дошол наменски, да слушне како свири бендот, да ни пријдат за соработка, зашто на тие свирки доаѓаа многу познати музичари.

Мислев и Тоше дошол на свирка, бил излезен во град и тоа е тоа.

Ама, Таци отпосле дознал зошто е дојден Тоше таа вечер таму, да го слушнe бендот, а ние тоа го дознавме после многу години.

Ние имавме заеднички пријатели преку луѓето за озвучување, за настапи, за техника, кои му рекле ’Дај пробај ги дечкиве‘.

Во тоа време мислам дека нему му беше излезен вториот албум и веќе имаше доволно материјал да се направи концерт, па му требаше стандардна екипа.

И по таа препорака, тој дојде да нè слуша.

Целата работа одеше некако многу постепено, мазно, многу природно, без многу проби. Едноставно – кликнавме, се поклопија коцките.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-02.JPG

А се сеќаваш ли на првата проба со Тоше?

Се сеќавам, како не. Се случи во ноќниот клуб „Кристијан“, кој одамна не постои.

Со бендот требаше да свириме таму вечерта, па ги прашавме Тоше и Љиља дали може да направиме проба едно два часа пред свирката, додека нема луѓе, да пробаме неколку песни и да видиме дали ќе се најдеме, дали ќе има соработка или не.

Сакавме да видиме нему како ќе му се допаднеме, ама и ние дали ќе бидеме задоволни, бидејќи не го знаевме ни ние него.

Мислам дека му имав чуено една песна, две, на телевизија, па сакавме да видиме дали ќе се вклопиме стилски, особено што тоа што ние го свиревме не беше многу слично на тоа што Тоше го пееше.

Тоше дојде и отпеа две песни, едната беше негова, една беше некое „рокче“ што се договоривме на лице место да го отпее.

И веднаш се виде дека дечкото е вистински, пее од срце, има точна интонација, огромен осет.

Таа наша проба траеше 10 минути, можеби.

Потоа поразговаравме и се договоривме да ги слушнеме ние неговите други песни, за да видиме, па, дали ние ќе се вклопиме во неговиот стил, како ќе ги отсвириме, кои аранжмани да ги направиме за да звучат добро во живо и така тргна, постепено.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg