Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвезда да не загинеше“

Да те вратам малку на концертите на стадион… Какво беше чувството да се застане на бина пред толкава публика? Како изгледаа тие преку твоите очи?

Тоа беше неверојатно чувство, многу различно од настапите во некоја сала или голема дискотека.

Каде и да погледнеш – пред тебе, во првите редови, горе – секаде имаше премногу народ.

Се сеќавам на еден момент, Тоше дојде неколку часа пред концерт да правиме тонска проба.

Ние веќе ги имавме подесено инструментите, ама бевме гласни, сепак си на отворено, на стадион, мора да се слуша секаде добро.

Кога се качивме на бина за да почне концертот уште еднаш проверивме дали е сè добро.

Доаѓа Тоше од страна и одеднаш почна да се слуша толку силно вриштење од фановите, што ние не можевме да се слушнеме што свириме.

И од наместени инструменти и звук, моравме да ставиме сè на најгласно - нè надвикаа нас и нашата опрема тие 15-20.000 луѓе на стадион.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-15.jpg

Како дозна за сообраќајката на Тоше? Каде беше, кој ти кажа?

Бев дома, спиев, а телефонот ѕвонел, ми стигнале куп пораки.

Во тоа време комунициравме многу со Ристо Вртев од „Архангел“ и кога тој заѕвони, ме разбуди. Ми вели: „Роки, виде ли, вистина ли е ова за Тоше?

Претходно имаше 2-3 такви измислени муабети за него, дека нешто му се случило, и му реков да игнорира, дека е празен муабет.

Но, кога станав и го вклучив телевизорот, веќе одеше долу оној кајронот дека Тоше загинал во сообраќајка.

Почнав да вртам по луѓе, никој не ми крева. И тогаш си реков „Леле, ова е изгледа вистина“.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-12.jpg

Тоа беше тотален шок, тотален. Ми требаа неколку дена да се соберам, да се соземам што се случило.

Не само јас, ние како бенд, туку мислам дека целата земја беше во шок.

Ми требаше да се справам со тоа. Знаеш како е кога ќе изгубиш некој близок, не е лесно.

Многу тешко го поднесов тоа, ми влијаеше многу емотивно. Одеднаш го нема, ти се менува насоката на животот.

Тој немаше ни 27 години, допрва требаше да ги полни. 27! Ти се верува? А имаше толкави успеси зад него во толку малку време.

Јас верувам дека тој ќе беше светска ѕвезда, во кој жанр и да се обидеше.

Се спремаше теренот и за надвор, ете со англискиот албум што го сними и знам дека Тошка ќе се пробиеше без проблем, со нас како бенд или без нас, знам дека ќе имаше огромна кариера, ќе се гордеевме со него.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-11.jpg

Постхумно се одржаа и неколку концерти во негова чест. Какво беше чувството кога првпат излезе на сцената да ги свириш неговите песни?

Хорор филм. Многу тешко, мачно, емотивно пред сè, ти се стега срцето.

Плоштадот преполн, а сите тажни, уште им недостасува, уште е тоа чувство на шок и неверување.

Неописливо е чувството дека треба да свириш и пееш во тој момент. Но, моравме на некој начин да му одадеме почит.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-06.JPG

Дали на свирките и денес ти бараат да пееш негови песни?

Да, понекогаш некој ќе ми побара негова песна, некогаш ќе испеам нешто јас, за да не се заборави.

Тоа се по 1-2 песни на настап, чисто како потсетник за повозрасните, или за младите да ја слушнат неговата музика зашто денес има многу кои и не ги знаат неговите песни, кои се родиле по неговата смрт, па на некој начин, сакам да им го доловам тоа што го правеше.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-14.jpg

Која ти е омилена?

Нема една. Кога беа концертите, најмногу ги сакав оние што имаа гласна гитара како „Срце није камен“, „Волим осмех твој“, кога можев да ja „откачам“ гитарата и да се порадувам малку, во мој рокерски манир.

The Hardest Thing ми се допаѓа, ми зазвуче светски уште на првото слушање, плус конечно Тоше пее на англиски.

И „Још увек сањам да смо заједно“ – оваа песна првпат ја слушнав на концертот во „Борис Трајковски“, кога го пуштија спотот на видео-бим зад нас.

Кога ја слушнав на бина, гласно, подзинав, ми остана тој впечаток силен, зашто сфатив што можело да биде.

Тоше веќе имаше силен изграден глас, беше маж, не детуле, туку зрел пејач. Замислив што би можело да биде кога ќе наполнеше 30 години, на пример.

За него, најдоброто допрва ќе дојдеше. Имаше огромни планови, кои знам дека ќе се оствареа.

roki-od-bendot-na-toshe-vo-slovenija-3-000-lugje-peeja-so-nego-na-makedonski-znam-deka-kje-beshe-svetska-dzvezda-da-ne-zagineshe-16.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg