Ивона Јо направи операција за отстранување на вишокот кожа - објави брутално искрено видео
- Детали
- четврток, 23 јануари 2025
Четири години по скратувањето на желудникот, Ивона Јо вчера направи операција за отстранување на вишокот кожа и во искрено видео покажа како навистина изгледа нејзиното тело.
Пејачката Ивона Јо вчера (22.01) ја заврши операцијата за отстранување на вишокот кожа на телото во болница во Турција.
По операцијата, која траеше 6 часа и заврши успешно, Ивона се чувствува добро и веќе почнува да закрепнува.
Доктор Емрах Аслан ѝ го отстрани вишокот кожа од стомакот, грбот, подбрадокот - кожа која остана откако Ивона драстично ослабе по операцијата за скратување на желудникот во 2021 година.
Ивона е среќна што сè е веќе зад неа, па во кратко видео на Инстаграм Стори им се заблагодари на сите за грижата и пораките со поддршка кои ѝ ги испраќале.
Таа не го покажа ликот, но кажа дека е толку многу потечена што никој не би сакал да ја види таква.
„Како Квазимодо сум. Но, ви благодарам за секоја порака, за секој убав збор во знак на поддршка“, кажа таа.
Со Ивона во Турција се двете жени кои ѝ се најголема поддршка - нејзината мајка и пријателката Тамара Волческа.
Инаку, на само еден ден пред операцијата, Ивона сподели брутално искрено видео од последните подготовки за операцијата, а во него покажа и како изгледа нејзиниот стомак со вишокот кожа.
Во видеото споделено на Инстаграм, таа напиша:
„Патот кој ќе ми го смени живот започна на 20.01, упатувајќи се накај Истанбул. Благослов е да се споиш со вакви луѓе, полни со разбирање и љубов кон својата работа. Вистински професионалци.
Направивме консултација со докторот и решивме дека овој јануари доаѓа првата фаза од операцијата која ќе биде абдомино пластика и липосукција на стомак и подбрадок. Додека за втората фаза ќе дискутираме после 6 месеци.
Најважно од сѐ е во целиот процес - отстранување на вишок кожа да се влезе со вистински и реални очекувања од своето тело. Предизвик ќе биде целиот процес - но знам дека со верба и добра мисла сѐ ќе помине.
Фала ви на сите до еден за секоја порака и убава мисла и молитва“.
Таа претходно, во интервју за CRNOBELO.com раскажа и дека од мај 2024 била во депресија, но дека сега се чувствува многу подобро.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Ивона Јо за CRNOBELO: „Не сакав никој да знае дека сум во депресија, а многу сакав да ми помогнат“
А. Ј. | Црнобело