Ивона Јо објави ново видео: Голиот стомак со вишок кожа vs. рамниот стомак по операцијата
- Детали
- вторник, 04 март 2025
Пејачката собра храброст и ги покажа лузните, но и своето тело во долна облека пред и по операцијата за отстранување на вишокот кожа.
Ивона Јо, која на средината на јануари 2025 направи операција за отстранување на вишокот кожа во Турција, месец и пол по процедурата, објави ново видео на кое се гледа нејзината трансформација.
Првиот дел од видеото е снимка направена два дена пред операцијата, а на која се гледа нејзиниот стомак, кој е малку „виснат“, од вишокот кожа.
Во вториот дел се споени видеа на кои стомакот на Ивона е рамен.
Таа храбро ги покажа и лузните од операцијата, и стриите, но вели, сето тоа наскоро ќе биде зад неа.
Пејачката претходно откри дека со операцијата ѝ се извадени 11kg кожа и масти.
Во видеото што го сподели на Инстаграм, Ивона напиша:
„Сѐ што вашата душа сака и може да замисли, веќе е тука. Само посакајте и Бог ќе направи пат до желбата.
Срцето ќе ми пукне од радост.
Само оној кој не го изодел патот наречен ‘губење’ на килограми може да го замислува соочувањето што доаѓа со ‘вишокот кожа’ отпосле.
Креирањето на моето тело не го завршуваме тука.
Имам пат за одење - со лимфни дренажи кои се круцијален елемент за симнување на отоци и лимфа. Очекуваме промени секој месец.
Благодарам што сте тука“.
Погледнете го видеото ТУКА.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





