„Тeшко ќе станеш мајка“ - Српска водителка забремени на 41 година природно, додека барала сурогат мајка од Грузија
- Детали
- недела, 30 март 2025
„Година по година по доктори, бескрајни денови на страв, години и години со истата реченица: ‘Teшко дека ќе станеш мајка, имаш сериозна болест, не сме имале случај како твојот, имаш години и немаш квалитетни јајце клетки...“, вели Оља Црногорац во својата емотивна исповед.
Српската водителка Оља Црногорац со јавноста ја сподели среќната вест дека успеала да затрудни на 41 година, и покрај лошите прогнози на докторите дека никогаш нема да забремени.
Тоа се случило по природен пат, по неуспешна ин-витро процедура, токму во миговите кога планирала да ангажира сурогат мајка од Грузија.
Нејзината исповед:
„Година по година по доктори, бескрајни денови на страв, години и години со истата реченица: ‘Teшко дека ќе станеш мајка, имаш сериозна болест, не сме имале случај како твојот, имаш години и немаш квалитетни јајце клетки...’
Со децении наназад ги гледав децата на моите другарки и познаници и потоа одев дома тајно да се исплачам, со помислата ‘Боже, зошто јас не сум ти доволно добра за да бидам мајка, зошто ме оставаш без детски насмевки и прегратки, зарем моето срце да оди во гроб, а да не чуе: ‘Мама, те сакам!’...
Кога исплакав море солзи и одлучив да се посветам на моето куче, како и на други кучиња, Бог ме благослови.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





