„Мајка ми безброј пати го напушташе татко ми и секогаш му се враќаше - немаше каде да оди“
- Детали
- недела, 23 март 2025
„Веднаш некој од фамилијата ќе ѝ се јавеше и ќе ѝ речеше: „Дали си ти луда, каде се остава семејството?“ Плус, се враќаше поради мене, сè додека не замина засекогаш, заедно со мене...“
Стефан Симиќ од Србија за себе вели дека е уметник и креатор. На Инстаграм тој има повеќе од 26.000 следбеници со кои буквално душата ја соголува, преку зборови.
Дали приказната е реална или само инспирирана од реалност не знаеме, но дефинитивно допира до срце и многумина ќе се пронајдат.
Неговата објава допира до срце:
„Мајка ми безброј пати го напушташе татко ми
и секогаш му се враќаше.
Прво, затоа што немаше каде да оди,
или веднаш некој од фамилијата ќе ѝ се јавеше и ќе ѝ речеше:
„Дали си ти луда, каде се остава семејството?“
Трето, се враќаше поради мене,
сè додека не замина засекогаш, заедно со мене.
Се сеќавам, по нивните караници,
како ќе излезеше и ќе шеташе,
а јас во страв дека ќе си направи нешто.
По неколку часа, ќе се појавеше на вратата,
спремна да премине преку сè, како ништо да не било,
како дека така мора.
Се враќаше сè до моментот додека не си заминавме заедно.
Не можеше без мене.
Заминавме од градот во село,
и тоа лудило од караници, уцени, навреди – престана.
Вистинското прашање е: каде да одиш кога немаш каде да одиш?
Или, како да им објасниш на другите зошто си одиш,
по толку години, кога не сакаат да разберат?
Понижувања за сè и сешто,
кога секој ден е дневник на најниските удари…
Тогаш, едноставно си одиш.
Во некој нов живот,
во кој никој веќе не ти стои над главата,
не те уценува,
не те омаловажува,
не ти фрла сè на нос.
Поминаа многу години од тогаш.
Татко ми сега е сам,
и сега тој нè бара.
Едвај има некого,
веројатно свесен
дека можеше да нè зачува.
А повраток, кога еднаш засекогаш ќе си заминеш, повеќе нема.
Можеш накратко да навратиш,
да помогнеш што треба,
но имаш свој живот и свој пат.
А некогашниот твој дом,
никогаш повеќе не е твој дом“.
Стефан Симиќ
С. С. | Црнобелo
фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI
Би можело да ве интересира:





