Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“

„Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 месеци пееше во други градови. Мене ме израсна баба ми Даринка“. Марија Шерифовиќ отворено раскажа што сака да му овозможи на синот, а таа го немала, а откри и зошто не сака второ дете.

marija-sherifovikj-dade-detalno-obrazlozhenie-zoshto-ne-saka-vtoro-dete-i-na-20-godini-sin-mi-kje-bide-nesposoben-za-zhivot-01.jpg

Српската пејачка Марија Шерифовиќ (40) деновиве се подготвува за вокалната пресметка со Реља Поповиќ, а на прес-конференција освен за музичкиот настан, кој многумина со нетрпение го очекуваат, одговараше и на прашања поврзани со приватниот живот.

Се чини дека кај српските медиуми не стивнува интересот за тоа како и колку животот на Марија се промени откако го доби синот Марио, па српските новинари ја користат секоја можност да ѝ постават прашања поврзани со него.

marija-sherifovikj-objasni-zoshto-ne-saka-vtoro-dete-koga-sinot-kje-ima-20-jas-kje-imam-60-02.jpg

Таа неодамна направи крштевка за својот син, а сега раскажа и како и колку се променила динамиката во нејзиното семејство, по неговото раѓање во декември минатата година.

„Јас и мајка ми Верица доаѓаме во ситуација на сила да си го 'влечеме' детето од раце. Упатувам јавен апел да кажам дека Верица треба да биде баба.

Велат дека внуците се сакаат повеќе од сопствените деца, но јас не знам за тоа“ – се пошегува Марија.

marija-sherifovikj-objasni-zoshto-ne-saka-vtoro-dete-koga-sinot-kje-ima-20-jas-kje-imam-60-03.jpg

Таа искрено одговори на прашањето што е она што би сакала да му го даде на синот, а го немала во детството.

„Тоа е сериозно прашање, тоа е она што мене ми беше ускратено. Јас, на пример, не се сеќавам на семејни летувања и зимувања.

Кога бев мала мајка ми пееше по 3 месеци во други градови, затоа што тогаш се правеа такви договори со хотелите.

Мене ме израсна баба ми Даринка. Фала Богу, тоа сега не е така.

Јас и кога имам концерт, гледам да тргнам во последен миг за да можам да бидам повеќе со него“ – нагласи Марија.

marija-sherifovikj-objasni-zoshto-ne-saka-vtoro-dete-koga-sinot-kje-ima-20-jas-kje-imam-60-04.jpg

Марија честопати ја прашуваат дали планира да добие и други деца, а овојпат даде детално образложение зошто не размислува на Марио да му подари братче или сестричка.

„Имам 40 години и сакам целото слободно време да го поминам со него. Никој не знае што носи ноќта, а што носи денот. Кога ќе имам 60 години, тој ќе има 20.

И на 20 години ќе биде неспособен, затоа што сите овие ’новонастанати‘ деца се неспособни за живот.

Така што, мислам дека целата моја љубов ќе оди кон него, но ќе се трудам да не бидам опсесивно-компулсивна мајка, туку да му дозволам да порасне горд, да застане на свои нозе, а јас да бидам зад него и да му бидам поддршка“ – рече таа.

marija-sherifovikj-objasni-zoshto-ne-saka-vtoro-dete-koga-sinot-kje-ima-20-jas-kje-imam-60-05.jpg

За потсетување, Марија го доби синот во декември минатата година. Таа детално зборуваше за тоа како одела целата процедура со сурогат мајчинството во САД, но истакна дека не смее да го открие идентитетот на таткото.

Прочитајте и Марија Шерифовиќ: „Се обидов, но не можев сама да ги износам бебињата, морав да побарам сурогат мајка“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg