Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот живот“ (видео)
- Детали
- среда, 27 декември 2023
„Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот“ – вели Марија Шерифовиќ во видеото каде е документиран целиот пат што тие го поминале од САД до Белград. Малиот Марио до дома стигна со прва класа, а Марија во видеото покажа дека патувањето на овој начин е сосема поинакво искуство.
Марија Шерифовиќ го објави првото видео од домот во Белград со синот Марио. Се гледа дека пејачката е уморна, но не сака да се одвои од својот син и заедно со него танцува на песна од Бруно Марс и му ја бакнува ногата.
Претходно пејачката на нејзиниот Јутјуб канал објави подолго виде во кое покажа како изгледало целото патување од Лос Анџелес до Белград.
Како што рече, 20-тина дена по раѓањето на синот воопшто не спиела, а била и под огромен стрес заради долгиот пат што ги очекувал за да стигнат дома.
„Првото патување на господин Марио ќе биде со прва класа, па дури и јас за првпат ќе патувам со прва класа.
Една прекрасна девојка нѐ спроведува да ги прескокнеме сите редови за да стигнеме до чекалната. Мајка ми, ми вели: ‘Кажи ѝ да не брза толку, не возиме компири’“ – се шегува Марија.
Таа вели дека контролата што ја поминале на аеродромот било нешто најстресно што таа го преживеала, но за среќа малиот Марио од дома, па сѐ до моментот додека стигнале во чекалната постојано спиел.
„Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот“ – вели Марија и признава дека била под стрес заради големиот број искуства за коишто читала на интернет.
Инаку од видеото може да се види дека нејзината мајка Верица воопшто не сакала да се оддели од внучето.
„Инаку, јас и баба се договоривме дека прво јас ќе јадам, а потоа таа. Значи кога јадеш, мамо мораш да ми го дадеш детето!“ – ѝ вели Марија на Верица, којашто не сака да се одвои од бебето, па ѝ вели:
„Ма остави ме жено. Еве јадам и го држам бебето“...
Од Калифорнија до Минхен, па од Минхен до Белград, Марија, Верица и Марио поминале долг пат додека да се вратат дома, а Марија признава дека не успеала да спие ниту една минута за време на долгото патување.
Во домот ги пречека новогодишна елка и балон во форма на штрк, а за крај Марија покажа како синот ѝ спие во раце и рече:
„Е па ние стигнавме дома. Ве сакаме сите. Лека ноќ“.
Погледнете го видеото што Марија го објави на својот Јутјуб канал:
Б. С. Б. | Црнобело