Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата на мајка му

„Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифовиќ, Верица, откако следбениците на пејачката на Инстаграм јавно побараа од неа да признае кого сака повеќе. Марија, пак, се пофали дека сега следува најтешкиот период со синот…

marija-sherifovikj-se-pofali-deka-sinot-gi-napravil-prvite-chekori-sleduva-diskus-hernij-01.jpg

Познато е дека српската пејачка Марија Шерифовиќ се труди колку што е можно повеќе да ја зачува приватноста на нејзиниот син Марио, но редовно споделува важни детали за неговиот раст и развој.

Таа на Инстаграм Стори објави кратко видео на кое е фотографијата на нејзиниот син кој веќе стои на нозе и се држи за фиоката со играчките, а пејачката се пошегува дека сега следува уште понапорен период во нивните животи.

„Тоа е тоа! Нае*авме! (Дискус хернија)“ – напиша пејачката до фотографијата на синот, чиешто лице го прекри со голем хамбургер.

marija-sherifovikj-se-pofali-deka-sinot-gi-napravil-prvite-chekori-sleduva-diskus-hernij-10_copy.jpg

Јасно е дека таа е подготвена за периодот што следи и во кој ќе треба неуморно да трча по синот кој штом застанал на нозе, наскоро ќе ги направи и првите чекори, па сега ќе сака самостојно да го истражува светот околу себе.

Освен што се гледа дека нејзиниот син има голем број нови играчки и совршено уредена соба, Марија се пофали дека тој ја носи и нејзината кошула, која е стара 40 години.

„Патувавме, се селевме, сешто изгубивме…

Ова успеавме да го сочуваме. Една кошула.

И по 40 години јуниор ја носи кошулата на мајка му“ – напиша таа на фотката на која Марио позира во нејзината кошула од детството.

marija-sherifovikj-se-pofali-deka-sinot-gi-napravil-prvite-chekori-sleduva-diskus-hernija-05.jpg

Инаку, Марија сподели и едно кратко видео на Стори во кое имаше предизвик до мајка ѝ Верица Шерифовиќ, во кое следбениците од неа побараа јавно да признае кого сака повеќе, ќерката Марија или внукот Марио.

marija-sherifovikj-se-pofali-deka-sinot-gi-napravil-prvite-chekori-sleduva-diskus-hernija-02.jpg

Верица се слуша како прво вели: „Исто“, а потоа признава:

„Лажам, него го сакам повеќе… Па како? Јас умирам за него, не можам да живеам без него!“

marija-sherifovikj-se-pofali-deka-sinot-gi-napravil-prvite-chekori-sleduva-diskus-hernija-03.jpg

Инаку, познато е дека Верица имала тешка борба за да го задржи старателството над ќерката, па таа во една пригода призна дека останала со години во брак со таткото на Марија, само за да не ја загуби ќерката.

Очигледно е дека денес, нејзина најголема радост е внукот Марио, кого Марија го доби со помош на сурогат мајка во САД.

Марио се роди во декември минатата година, а летово тој веќе трипати беше на одмор, со мајка му, но и со најблиските кои во секој миг се подготвени да ѝ помогнат на пејачката која паралелно се труди да биде тука и за своите фанови, но и за наследникот.

Прочитајте и „Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Верица Шерифовиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Вери... Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg