Марија Шерифовиќ по третпат на одмор со синот Марио: „Толку од тишината и мирот“

По одморот со мајка ѝ Верица и полубратот Даниjел, Марија повторно отпатува со синот Марио на одмор. Не откри каде се, но покажа дека за мајките навистина нема одмор и ретко можат да искористат неколку мигови во коишто може да уживаат во мир и тишина.

marija-sherifovikj-po-tretpat-na-odmor-so-sinot-mario-tolku-od-tishinata-i-mirot-01.jpg

Прво беа во Црна Гора, потоа во Шпанија, а сега повторно Марија Шерифовиќ одлучи слободното време да го искористи и да го однесе синот Марио на одмор.

Ова е третпат летово познатата српска пејачка да замине на патување со синот, откако претходно рече дека во детството најмногу ѝ недостасувало да оди на одмори со мајка ѝ.

marija-sherifovikj-po-tretpat-na-odmor-so-sinot-mario-tolku-od-tishinata-i-mirot-02.jpg

За време на првиот одмор во Црна Гора, Марија со себе понесе и дадилка и стоматолог, која требаше да биде тука со неа, за секој случај, за да не ѝ испадне протезата.

Потоа, во Шпанија замина со мајка ѝ Верица и со полубратот Данијел, кои постојано беа тука за неа и ѝ помагаа околу грижата за синот Марио.

marija-sherifovikj-po-tretpat-na-odmor-so-sinot-mario-tolku-od-tishinata-i-mirot-03.jpg

Сега, Марија не откри каде отпатувале, но од фотографиите и видеата што ги сподели, може да се препознае луксузниот апартман што се издава на грчкиот остров Амулијани, кое е идеално место за одмор за опуштање, а изобилува со рајски плажи.

marija-sherifovikj-po-tretpat-na-odmor-so-sinot-mario-tolku-od-tishinata-i-mirot-07.jpg

Марија се пофали дека имала можност да ужива во читањето на биографијата на Витни Хјустон покрај плажа, сѐ додека не се разбудил синот.

„Толку од тишината и мирот“ – напиша таа.

marija-sherifovikj-po-tretpat-na-odmor-so-sinot-mario-tolku-od-tishinata-i-mirot-04.jpg

Инаку во своите влогови Марија често искрено зборува за мајчинството и покажува како го поминува слободното време со синот.

marija-sherifovikj-po-tretpat-na-odmor-so-sinot-mario-tolku-od-tishinata-i-mirot-06.jpg

Ден по ден ги раскажува деновите што заедно ги поминуваат на одмор, а може да се види дека и таа, како и сите други мајки на мали деца, се соочува со голем број непроспиени ноќи и со сите предизвици што ги носи првата година од животот на едно бебе.

marija-sherifovikj-po-tretpat-na-odmor-so-sinot-mario-tolku-od-tishinata-i-mirot-05.jpg

Прочитајте и Исповед на Марија Шерифовиќ: „Родителите долго криеја од мене дека имам полубрат - од вонбрачна врска на татко ми“

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Татко му ја убил мајка му, го помниме по Survivor – Факти за згодниот Хрват Марио Млинариќ Кога имал само 11 години татко му ја убил мајка му пред негови очи. Марио го зап...
Марија Шерифовиќ за постариот брат кој почина пред 11 години: „Тој беше бескрајно добра душичка“ Знаете ли кој бил постариот брат на Марија Шерифовиќ, за кого пејачката најчесто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg