Исповед на Марија Шерифовиќ: „Родителите долго криеја од мене дека имам полубрат - од вонбрачна врска на татко ми“

„Не се сеќавам, кој точно ми ја соопшти вистината, но знам дека беше болно“ – пејачката Мaрија Шерифовиќ си ја отвори душата и призна како се чувствувала кога конечно на површина испливала вистината за тајната што нејзините родители долго ја криеле од неа.

roditelite-dolgo-vreme-kriele-edna-tajna-od-marija-sherifovikj-beshe-bolno-koga-doznav-01.jpg

Полубратот на Марија Шерифовиќ, Данијел, балканската публика имаше можност да го запознае за време на шоуто „Операција Триумф“ во 2008-ма година, а фановите често прашуваат во какви односи се тие двајца.

roditelite-dolgo-vreme-kriele-edna-tajna-od-marija-sherifovikj-beshe-bolno-koga-doznav-04.jpg

Марија, неодамна гостуваше во емисијата „На терапији“ каде отворено зборуваше за моментот кога дознала дека има полубрат, што бил плод на вонбрачната врска што нејзиниот татко Рајко ја имал со фризерката Лидија Павловиќ.

roditelite-dolgo-vreme-kriele-edna-tajna-od-marija-sherifovikj-beshe-bolno-koga-doznav-02.jpg

Таа вели дека не се сеќава точно кога ја дознала тајната што нејзините родители долго ја криеле од неа, но признава дека тоа бил мошне болен момент.

„Не се сеќавам точно кој ми соопшти дека имам полубрат, но мислам дека тоа беше Драгиња, мајката на мојот татко Рајко. Ние во семејството никогаш не сме знаеле да ги најдеме најправилните начини за да соопштиме што било, и според мене, тоа е чесно“ – изјави таа.

Иако често се шират гласини дека Данијел и Марија не се во добри односи, српската пејачка одлучи да стави крај на неточните наводи, па изјави:

„Во тој миг, јас, како постара сестра станав негов заштитник. Сите личности што имаат каква било генетска поврзаност со мене, ја имаат и мојата поддршка, целата моја сила, сите мои крилја“ – нагласи Марија.

roditelite-dolgo-vreme-kriele-edna-tajna-od-marija-sherifovikj-beshe-bolno-koga-doznav-03.jpgМарија со мајка ѝ Верица Шерифовиќ

Инаку, нејзиниот полубрат Павловиќ во „Операција Триумф“ многу повеќе остана запаметен по лошиот однос со другите учесници и постојаните расправии и конфликти, отколку по настапите.

Потоа учествуваше и во некои други реални шоуа, по што одлучи да целосно да се повлече од јавниот живот.

Данијел, исто така го наследил музичкиот талент, од неговиот татко Рајко, па работи како пијанист и има свое музичко училиште, а дел од српските медиуми пишуваат дека за овој бизнис му помогнала и неговата сестра Марија.

Погледнете повеќе фотки од него во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Вери... Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg