„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Верица Шерифовиќ

Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак одлучил да ѝ ја врати слободата, но дури откако таа му ги исплатила коцкарските долгови. Приказната за мајката на Марија Шерифовиќ, Верица, покажува што сѐ се способни да истрпат мајките за своите деца.

soprugot-sakal-da-i-ja-odzeme-marija-mu-gi-plakjala-kockarskite-dolgovi-tazhnata-prikazna-na-verica-sherifovikj-01.jpg

Марија Шерифовиќ многупати досега зборувала за нејзиниот турбулентен однос со татко ѝ Рајко Шерифовиќ, а мајка ѝ Верица не крие дека животот со него не бил песна.

Верица го запознала Рајко додека тој бил тапанар во групата Žaoke. Таа имала само 18 години, а се венчале во 1982-ра година.

Две години подоцна ја добиле ќерката Марија, а Верица во една пригода призна дека иако одлучила да ја стави кариерата во втор план во тој период, од сопругот од самиот почеток трпела психичко и физичко насилство.

soprugot-sakal-da-i-ja-odzeme-marija-mu-gi-plakjala-kockarskite-dolgovi-tazhnata-prikazna-na-verica-sherifovikj-03.jpg

Единствената причина заради која одлучила да не се разведе, била ќерката Марија.

„Кога Марија беше мала, сакав да го напуштам Рајко и поднесов документи за развод, но тој имаше врски во Крагуевац и успеа да издејствува Марија да му припадне нему.

Доживеав силен нервен слом и реков: ‘Ма што сака нека ми се случи. Се откажувам од разводот, се откажувам од сѐ’. Сега по толку години можам да кажам – можеби така би требало да биде“ – раскажа Верица во една пригода.

soprugot-sakal-da-i-ja-odzeme-marija-mu-gi-plakjala-kockarskite-dolgovi-tazhnata-prikazna-na-verica-sherifovikj-05.jpg

Верица призна дека најголемиот проблем со Рајко настанувал кога ќе се напиел по неколку чаши ракија.

„Него сите го сакаа затоа што е друштвен, пријател до коска, но кога ќе испие две, три, тоа веќе не е истиот човек. Тешко се носев со тоа, не само јас, туку сите, и свекорот, и свекрвата и јатрвата“ – раскажа Верица.

soprugot-sakal-da-i-ja-odzeme-marija-mu-gi-plakjala-kockarskite-dolgovi-tazhnata-prikazna-na-verica-sherifovikj-07.jpg

Така Верица одлучила дека ќе почека Марија да го заврши средното образование за да може да стави крај на бракот, а вели дека тоа бил најкраткиот и најтажен развод со договор, затоа што успеала да ги искористи неговите коцкарски долгови и да се ослободи од него.

„Рајко сакаше да се коцка и му должеше пари на еден човек, па дојде дома и ми рече: ‘Мораш да ми дадеш пари за да се оддолжам’, на што јас му реков: ’Во ред, колку ти требаат?’, а тој ми одговори: ‘1.000 марки’.

Јас на шега му реков дека ќе му дадам 1.500 марки, но да ги потпише документите за развод.

И тој само ми рече: ‘Нема проблем, повикај го адвокатот и дај ми ги парите’. Јас му велам: ‘Полека, да одиме прво кај адвокатот’.

И така, отидовме, тој се потпиша, си ги зема парите и си замина, а јас станав разведена“ – раскажува Верица.

soprugot-sakal-da-i-ja-odzeme-marija-mu-gi-plakjala-kockarskite-dolgovi-tazhnata-prikazna-na-verica-sherifovikj-02.jpg

Во тој миг пејачката била збунета и вчудоневидена. Не ѝ се верувало дека дошол крајот на измачувањето што со години го трпела.

„Дваесет и нешто години, потрошив толку енергија, да не зборувам за својата убавина, младост, пеење, пари, готвење... И одеднаш сето тоа се пресече.

Веројатно Рајко мислеше дека заради тоа парче хартија треба да трпам сѐ“ – раскажа таа.

soprugot-sakal-da-i-ja-odzeme-marija-mu-gi-plakjala-kockarskite-dolgovi-tazhnata-prikazna-na-verica-sherifovikj-06.jpg

Инаку, Верица се разведе од Рајко во 2003-та година. Познато е дека Марија не е во добри односи со татко ѝ, а многу подоцна во животот дознала дека има полубрат.

Прочитајте и Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ за разводот на нејзините родители, нападите од татко ѝ и во какви односи се денес

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg