„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Анталија

Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен пар патувал 1.870 km од Србија до Турција, во возило „Фиќо“ старо 46 години. Целта, им била да видат како се патувало во минатото, а сите ги прашувале дали имаат клима.

sakav-da-vidam-kako-se-odelo-porano-na-more-par-od-srbija-so-fikjo-staro-46-godini-patuval-do-antalija-01.jpg

Додека многумина не би се ни осмелиле да патуваат со половина век старо возило ниту 100 km, еден Србин одлучи годинава да замине на одмор во Турција и тоа со својот олдтајмер возило Zastava 750, познато и како Фиќо.

sakav-da-vidam-kako-se-odelo-porano-na-more-par-od-srbija-so-fikjo-staro-46-godini-patuval-do-antalija-02.jpg

Немања (26) и неговата сопруга деновиве поминале 1.870 km од Србија до Турција, и уште толку на патот до дома.

Тие со автомобилот стар 46 години тргнале од родниот Лајковац во Србија и се упатиле во Турција, поточно во Аланија.

sakav-da-vidam-kako-se-odelo-porano-na-more-par-od-srbija-so-fikjo-staro-46-godini-patuval-do-antalija-04.jpg

Немања, во изјава за српските медиуми откри дека автомобилот го реставрирал пред 5 години и решил со него прво да патува низ Србија, а потоа и низ целиот свет.

„Сакав да видам како беше некогаш и како повозрасните патувале со Фиќо на море и во Трст по фармерки“ – вели тој.

sakav-da-vidam-kako-se-odelo-porano-na-more-par-od-srbija-so-fikjo-staro-46-godini-patuval-do-antalija-05.jpg

Немања појасни дека патувањето во еден правец траело околу 30 часа, со максимална брзина од 80 km на час.

„На патот до Турција предизвикавме огромно внимание кај случајните минувачи, па во секој миг нè фотографираа, нè снимаа и секако нè прашуваа дали имаме клима, на што низ смеа одговаравме дека немаме, но дека не ни е топло“ – раскажува тој.

sakav-da-vidam-kako-se-odelo-porano-na-more-par-od-srbija-so-fikjo-staro-46-godini-patuval-do-antalija-06.jpg

Инаку со чести паузи и застанувања Немања и неговата сопруга успеале да стигнат до море, но и да се вратат оттаму, а веќе се подготвуваат за следните патувања, а планот им е догодина да одат до Москва.

Инаку Немања на својот Инстаграм профил објави кратко видео од моментот додека се возеле низ Аланија, а голем број од неговите следбеници му честитаат на храброста:

„Секоја чест, а јас го потценувам мојот Fiat 1.300, постојано ми е страв дека некаде ќе ми застане. Не одам подалеку од 100 km од дома“ – вели еден негов следбеник.

Дали вие би се осмелиле со автомобил стар 46 години и без клима да заминете на патување?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg