Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис?
- Детали
- недела, 22 септември 2024
Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го тужеше и бараше од него да му исплати 1 милион евра. Никогаш јавно не се појавил со девојка, а тврди дека сака да биде сопруг и татко – факти за грчкиот пејач Никос Вертис.
Никос Вертис важи за еден од најпознатите грчки пејачи, кој со години наназад ја освојува публиката, како во родната Грција, така и во регионот.
Креира традиционална грчка музика, во модерен стил, а за него велат дека е човек кој благодарение на талентот и добриот изглед успеал да направи многу.
Во продолжение повеќе интересни факти за Никос Вертис, што можеби не сте ги знаеле:
Пејачот е роден на 21-ви август, 1976-та година во малото гратче Горинхем, во Холандија, во семејство на грчки иселеници.
Кога тој имал 6 години, неговите родители одлучиле да се вратат во родната земја, па Никос детството го поминал во Солун.