Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајка ми, повраќав цела ноќ“

„Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го сакам, да заборавам дека постои. Таа ноќ повраќав од стрес, бев очајна што ми се налути. Му се јавив следниот ден, но тој ме пцуеше. И тогаш прочитав дека се откажал од мене“, вели ќерката на Аца Амадеус по една од најголемите семејни драми на српската естрада.

se-oglasi-kjerkata-na-aca-od-amadeus-bend-koj-se-otkazha-od-nea-toj-gi-objavi-golite-fotki-na-majka-mi-povrakjav-cela-nokj-01.jpg

Откако пред неколку дена клавијатуристот на „Амадеус бенд“, Александар Станимировиќ, откри дека поднел барање за развод од сопругата затоа што користела наркотици, но и дека се откажал од својата ќерка Васка, семејната драма продолжува.

Сега, 18-годишната ќерка на Александат за српски „Свет“ ја раскажа својата страна од приказната.

Таа вели дека за распадот на бракот на нејзините родители е виновен татко ѝ, кој прв на социјалните мрежи објавил разголени фотки од нејзината мајка.

se-otkazha-od-kjerkata-edinica-i-podnese-baranje-za-razvod-semejna-drama-vo-domot-na-chlen-od-amadeus-bend-08_copy.jpg

Според девојчето, Аца Амадеус, како што го знаат во јавноста, ја уценувал и неа да остане да живее со него и да има сè или да си замине со мајка ѝ и да биде без ништо.

„Хаосот почна пред неколку месеци кога тој направи љубоморна сцена поради некој маж од кого мајка ми купила книги, па ја исфрли од дома без капутот, чантата или телефонот.

Мама на студот одела накај чичко ми Бојан во Медак, зашто немаше ни паричник ни телефон со себе, но таму никој не ѝ отворил, па продолжила кон Бањица кај кумата.

Од лутина и одмазда, тато го зеде телефонот на мама и на нејзините социјални мрежи ги објави тие две провокативни фотографии кои таа ги направи на негово инсистирање.

Бев до него, плачев и го молев да не го прави тоа, но тој сепак го направи“, рекла ќерката.

se-otkazha-od-kjerkata-edinica-i-podnese-baranje-za-razvod-semejna-drama-vo-domot-na-chlen-od-amadeus-bend-001_copy.jpg

Брзо по ова Аца и неговата сопруга се смириле, а таа се вратила во семејниот стан во населбата Дорќол.

Васка, пак, се преселила во еден од нивните станови во близина. Сепак, мирот меѓу нејзините родители не траел долго.

„Ми се јави мама и ми рече да дојдам веднаш. Ме чекаше во станот, со потстрижна коса. Ѝ помогнав да се спакува и двете отидовме во Ниш кај нејзиното семејство.

Потоа, дојдов во Белград за да ја слушнам страната на татко ми.

Тој ја молеше мајка ми да му се врати, а кога таа одби, тој ми рече да изберам - да останам со него и да имам сè или да одам кај мајка ми и да немам ништо. Избрав да бидам со мајка ми“.

186341526_1380816212299781_993198179097395137_n_copy.jpg

Васка за медиумите кажала и дека едно време не комуницирала со татко ѝ, не му кревала на телефон и не одговарала на неговите пораки, па тој ја побарал преку пријател, кој инсистирал дека таа треба да поразговара со својот родител.

„Кога се видовме ми рече дека е друг човек, дека целосно се сменил и да дојдам да го проверам тоа.

Ми кажа и да го пријавам во полиција ако се покаже дека не е така, а ми вети и дека ќе ми помогне да учам за мојот возачки испит и дека ќе ми купи автомобил“ - рекла Васка.

Но, кога дошла кај нејзиниот татко, тој, наводно, преку неа пробал да бара пари од дедо ѝ (татко на мајка ѝ), по што таа повторно се вратила кај мајка ѝ.

se-otkazha-od-kjerkata-edinica-i-podnese-baranje-za-razvod-semejna-drama-vo-domot-na-chlen-od-amadeus-bend-10_copy.jpg

Иако овој пат не ја прекинале комуникацијата, нејзиниот татко барал само информации за нејзината мајка.

„Го замолив да не зборува лошо за мајка ми и тој се согласи. Но, едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го сакам.

Ми напиша да заборавам дека постои. Ужасно ме повреди. Таа ноќ повраќав од стрес, тага, бев очајна што татко ми ми се налути.

Му се јавив следниот ден, но тој најостро ме пцуеше мене, мама и дедо ми и рече дека не постојам за него. И тогаш прочитав дека се откажал од мене“, рекла ќерката.

se-otkazha-od-kjerkata-edinica-i-podnese-baranje-za-razvod-semejna-drama-vo-domot-na-chlen-od-amadeus-bend-02_copy.jpg

Според српските медиуми, клавијатуристот не само што поднел барање за развод, туку и напишал тестамент, а според кој, целото негово богатство ќе го наследат децата од неговиот брат.

Прочитајте и Се откажа од ќерката единица и поднесе барање за развод - Семејна драма во домот на член од „Амадеус бенд“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg