Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповед на нудистка: „Јас сум нормална 42-годишна мајка, но решив понекогаш да го живеам животот гола“

„Отсекогаш ми беше интригантно, но пред 40-тиот роденден решив да пробам првпат. Беше тешко, бидејќи пораснав во конзервативна земја. чувството беше многу ослободувачко и на сите им ги покажав и фотките. Не сум до фаза да се шетам секаде гола, ама дефинитивно за секој роденден ќе го поминувам одморот гола“ - раскажува 42-годишна жена од Британија, која е самохрана мајка на две деца. 

ispoved-na-nudistka-jas-sum-normalna-42-godishna-majka-no-reshiv-ponekogash-da-go-zhiveam-zhivotot-gola-01.jpg

Естел Кибер (42) од Лејчестер, Британија, е самохрана мајка на две момчиња, која работи во полето на социјалните мрежи, а интересна е и по тоа што неодамна се пронашла себеси во нудизмот.

Отсекогаш ѝ било интригантно кога ги гледала нудистите на плажи низ Европа, посебно пред неколку години, на еден одмор во Шпанија со синовите, но не се охрабрувала да го проба тоа, пред нив.

Но, како што се ближел нејзиниот 40-ти роденден, таа минувала низ тежок период приватно, по раскинувањето со партнерот, ниската самодоверба за своето тело и многу други работи, па решила дека ѝ треба нешто што ќе ја врати во живот и ќе почне да се сака.

На својата пријателка Сара, ѝ понудила да заминат на одмор во Шпанија, каде двете ќе пробаат да бидат нудистки и голи ќе се капат во море, да почувствуваат слобода и да избегаат од стереотипите со кои живеат во Британија.

За Daily Mail таа целосно го раскажува нејзиното искуство и како стигнала до тоа да стане нудист, но и како и влијае тоа ослободување, барем еднаш во годината.

Прочитајте дел од нејзината исповед во продолжение:

„Секогаш ме интригирала идејата на нудистичките плажи, да дозволиш сите да те видат каков што си, без филтер, без облека, со сите лузни и недостатоци. Сум гледала нудисти и порано, но првпат ме заинтересира идејата пред 5 години.

Бев во Шпанија со моите синови – тогаш на 8 и 6 годишна возраст, и кога ги видов колку се среќни нудистите и опуштени, нешто кликна во мене. Не сакав да ги шокирам момците, а и не бев спремна да се соблечам гола тогаш, па ми остана во глава како мисла, која постојано растеше како желба.

Долго време работам на социјалните мрежи и свесна сум колку секој сака да се претстави во најдоброто светло и колку е тоа деструктивно. Сакав да променам нешто, а и да си ја подобрам самодовербата за телото кое ми беше изменето по породувањето и операцијата која ја имав.

За првото нудистичко искуство прочитајте повеќе на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Либидото ми се намали, мислев дека повеќе не го сакам сопругот - што ми се случи?“ „Meне либидото ми растеше како стареев, но наеднаш почувствував дека повеќе не г...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Јас сум разгалена домаќинка во Дубаи, за Божиќ си добив филери и Dior чанта за моето бебе“ „Мене накитот на мојата ќерка ми е поважен од нејзиното образование, затоа што а...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg