„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“
- Детали
- сабота, 05 октомври 2024
„Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде невозможно. Но, мојата најдобра другарка ми ја исполни желбата – сега ми е како сестра“.
Ракот на дојка е најчестиот вид рак кај жените, но доколку се забележи рано, шансите за лекување се навистина големи.
Сепак, во некои случаи, ракот може да се прошири и на други делови од телото и да предизвика низа здравствени проблеми.
33-годишна жена од Британија имала рак на дојка кој се проширил и на коските.
Покрај радијацијата и хемотерапијата, таа морала да се лекува и со хормонална терапија која, пак, имала влијание врз нејзиниот репродуктивен систем.
Но, бидејќи отсекогаш сонувала да има деца, нејзината најдобра пријателка истапила и била нејзина сурогат мајка.
Ејми Кронје ја одбила дијагнозата за рак кратко откако се венчала со сопругот Роше.
„Секоја вечер плачев. Ракот се прошири и на коските, а лекарите ми дадоа и хормонална терапија.
Сите наши планови да основаме семејство пропаднаа во вода“, открива Ејми.
Покрај хормоналната терапија, и хемотерапијата има влијание врз репродуктивниот систем.
Па, Ејми одлучила да замрзне јајцеклетки со надеж дека во иднина ќе може да стане мајка.
Кога Ејми ѝ спомнала на најдобрата пријателка Карла дека размислува за сурогат мајка, таа самата се понудила.
„Не ни размислував – верувам дека мојата судбина е да ѝ помогнам на другарка ми.
Сакав да ѝ ја подарам можноста да биде мајка“, вели Карла.
Асистираното оплодување било направено во октомври минатата година и, за среќа, било успешно уште првиот пат.
Бременоста поминала без проблеми и Ејми и сопругот го добиле синчето Џек во јуни годинава.
Сега, Ејми вели дека Карла не ѝ е другарка, туку сестра.
„Целото искуство беше посебно за нас. Кога го видов син ми и сфатив дека можам да се наречам мајка благодарение на другарка ми, беше бесценето.
Можам да кажам дека не сме само пријателки, туку сестри. Мојата најголема желба беше да станам мајка. Мислев дека ќе биде невозможно, но Карла ми го исполни сонот.
Таа жртвуваше многу за мене. Секогаш ќе бидеме овде една за друга и јас сум ѝ неизмерно благодарна“.
Ејми уште се бори со ракот, но вели дека е оптимист и се надева дека ќе се излекува.
Спирова С. | Црнобело