„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“

„Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече дека ако раскинеме, тој нема да има ништо“ – вели оваа анонимна Американка која побара совет за проблемот со којшто се соочува. Таа смета дека не е во ред дечко ѝ да живее во нејзиниот стан, а да не плаќа.

kupiv-stan-za-da-zhiveeme-so-partnerot-sega-toj-ne-saka-da-plakja-kredit-me-iskoristuva-li-01.jpg

Одлуката за започнување заеднички живот навистина е ново поглавје во животот на младите луѓе.

Тоа им овозможува увид во тоа каков би ви бил брачниот живот, но и носи голем број нови проблеми и дискусии, за кои воопшто не сте ни размислувале претходно.

Така една жена на Reddit одлучи да побара совет за тоа што треба да прави со нејзиниот дечко кој одбива да ѝ помогне финансиски при отплаќањето на кредитот за стан во којшто живеат заедно.

kupiv-stan-za-da-zhiveeme-so-partnerot-sega-toj-ne-saka-da-plakja-kredit-me-iskoristuva-li-02_copy.jpg

Раскажува дека претходно со дечкото живееле една година заедно, па сама одлучила да ја вложи својата заштеда и да купи стан, каде што ќе живеат заедно.

Но, набрзо се соочиле со проблем. Таа прво предложила дечкото да плаќа половина од ратата за кредит, а тој веднаш одбил, затоа што сметал дека ако раскинат станот ќе ѝ припадне нејзе.

Затоа понудил компромис – тој да плаќа половина од износот за сметките.

„Тогаш прифатив затоа што сакав да ја смирам ситуацијата, но сега кога ќе размислам подобро, навистина не е фер.

Тој треба да плаќа само околу 200 долари месечно, додека јас треба да плаќам над 700 долари месечно“ – вели таа и додава дека дополнително е гневна затоа што таа сама го издржувала финансиски партнерот додека тој не работел осум месеци, па заради тоа потрошила голем дел од заштедата.

Ако очекувала дека тој ќе ѝ возврати за тој период, девојката наишла на големо разочарување, затоа што тој ѝ рекол дека сега кога има работа сака сам да заштеди пари и да купи сопствен имот што ќе го издава.

„Сакам да разговарам пак со него на оваа тема, па затоа побарав совет од вас, што да правам, дали тој ме искористува?“

kupiv-stan-za-da-zhiveeme-so-partnerot-sega-toj-ne-saka-da-plakja-kredit-me-iskoristuva-li-03.jpg

Нејзината објава предизвика голем број коментари, а сите тврдат дека кога би бил женско, нејзиниот дечко сигурно би добил некој друг погрден назив.

„Ме изненадува кога партнерот смета дека не треба да помага со ратите за кредит, само затоа што нема сопственост во станот. Да не живее таму, тогаш би живеел под кирија и пак ќе нема ништо негово“;

„Очигледно тој е бескорисна пијавица“ - стои во некои од коментарите.

kupiv-stan-za-da-zhiveeme-so-partnerot-sega-toj-ne-saka-da-plakja-kredit-me-iskoristuva-li-04.jpg

Други, пак, сметаат дека сè додека не се во брак, дечкото нема потреба да плаќа за трошоците на станот, затоа што тој плаќал за кредитот и пак ќе остане на улица.

„Овој дечко ми изгледа дека е сосема разумна личност и нема зошто да го оцрнувате“;

„Извинете, но навистина не е важно дали таа му помагала неколку месеци додека тој не можел да сврзе крај со крај.

Тоа била нејзина одлука.

Тој треба да биде апсолутен морон за да ѝ дава пари за кредитот, ако неговото име не стои на имотниот лист, или пак ако немаат некаков договор за изнајмување, па нејзе ѝ текне дека сака да го избрка на улица“. 

Што мислите вие? Во ред ли е само едниот партнер да плаќа за станот додека другиот ги штеди парите и дали ваквите врски сами по себе не се осудени на пропаст?

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg