„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“

„Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и осамени. Не смееја да имаат живот или семејство. Не сакав и мене да ми се случи тоа, па побегнав“, открива Алиа Роза која во младоста била шпион во Русија.

bev-shpion-i-spiev-so-mazhi-za-da-iznudam-informacii-od-niv-srekjna-sum-shto-pobegnav-od-toj-zhivot-01.jpg

Алиа Роза, која е родена во Казахстан, а голем дел од животот поминала во Русија, вели дека во минатото била руски шпион, а нејзиното главно оружје биле заведувањето и сексот.

Задачата на Алиа била да ги заведува луѓето кои ги гонела, кои најчесто биле криминалци вмешани во трговија со луѓе.

Неретко, Алиа морала да има и секс со криминалците со цел да добие информации од нив кои подоцна можат да се искористат во нивното апсење.

bev-shpion-i-spiev-so-mazhi-za-da-iznudam-informacii-od-niv-srekjna-sum-shto-pobegnav-od-toj-zhivot-04.jpg

Од наша перспектива, овој период од животот на Алиа изгледа како филм за Џејмс Бонд, но таа вели дека почнала да се чувствува како и самата да е присилена да го продава своето тело.

Па, се откажала од професијата, успеала да побегне од Москва и си го променила името.

„Молчев две децении, но од неколку причини морав да ја споделам мојата приказна. Повеќе не можев да живеам со болката.

Најголемото достигнување во мојот живот е тоа што станав мајка. Отсекогаш сакав да имам деца, но тоа ми беше забрането.

И, тогаш си реков ’Чекај, имам само еден живот. Не сакам да го потрошам жртвувајќи се за нешто во коешто повеќе не верувам‘.

Во тој миг почнав да барам начин да избегам“, раскажува таа во интервју за Fox News Digital.

bev-shpion-i-spiev-so-mazhi-za-da-iznudam-informacii-od-niv-srekjna-sum-shto-pobegnav-od-toj-zhivot-10.jpg

Алиа била родена во семејство воени ветерани – дедо ѝ се борел во Втората светска војна, додека татко ѝ бил офицер со висок чин во Советскиот сојуз.

И, татко ѝ бил тој која ја натерал и таа да се вклучи во слична работа, без разлика што како мала сонувала да стане модна дизајнерка.

„Уште од најрана возраст учев боречки вештини и вежбав. Ниту едно дете не може да влезе во програмата во којашто бев јас ако не е син или ќерка на офицер со висок чин.

Никогаш не ни помислив дека ќе станам дел од програма каде што ќе треба да учам како да користам секс“.

bev-shpion-i-spiev-so-mazhi-za-da-iznudam-informacii-od-niv-srekjna-sum-shto-pobegnav-od-toj-zhivot-08.jpg

На 18-годишна возраст, Алиа била избрана од 350 други девојки и станала дел од тајна програма.

Како дел од програмата, Алиа почнала да учи како да го користи сексот како оружје.

„И, не стануваше збор само за секс. На некој начин, учевме како да комуницираме. Како да се облекуваме, како да се нашминкаме, како да се претставиме, како да зборуваме со нашите мети и да ги натераме да ни веруваат…

Главен фокус ни беше психологијата на луѓето, на криминалците, на мажите. Учевме да ја разбереме нивната перспектива и да откриеме што сакаат.

Учевме и техники за секс. Тоа беше ужасно. Но, главната цел беше нашите мети да станат опседнати со нас“.

bev-shpion-i-spiev-so-mazhi-za-da-iznudam-informacii-od-niv-srekjna-sum-shto-pobegnav-od-toj-zhivot-11.jpg

Алиа истакнува дека ѝ требале неколку години за да сфати дека и самата била жртва на манипулација.

„Ме натераа да верувам дека сум херој кој се бори против трговија со луѓе. Дека ги спасувам децата кои биле киднапирани…

Ние, како агенти, имавме многу ниска плата – околу 100 долари месечно за 6-дневна работна недела. Но, се чувствував како патриот, како херој кој спасува животи.

Си го жртвував телото за сите овие мисии. Но, никогаш не се прашував како навистина се чувствувам што дозволувам телото да ми биде искористено од сите тие криминалци.

Еден поранешен агент ми рече и јас самата сум била жртва на присилна проституција…“

bev-shpion-i-spiev-so-mazhi-za-da-iznudam-informacii-od-niv-srekjna-sum-shto-pobegnav-od-toj-zhivot-12.jpg

Во 2004 година, Алиа се вљубила во маж кој всушност бил нејзина мета. Откако мажот дознал дека е шпионка, ѝ помогнал да избега од Москва.

Таа се нема вратено во Русија повеќе од една деценија и го крие нејзиното вистинско име.

bev-shpion-i-spiev-so-mazhi-za-da-iznudam-informacii-od-niv-srekjna-sum-shto-pobegnav-od-toj-zhivot-03.jpg

И, вели дека го направила вистинскиот избор.

„Додека работев во Русија, ги гледав сите други жени агенти кои кога ќе стигнеа одредена возраст, на пример 56 години, беа мизерни, осамени.

Не им беше дозволено да имаат свој живот. Не смееја да имаат семејство. Не можев да дозволам тоа да ми се случи и мене“.

bev-shpion-i-spiev-so-mazhi-za-da-iznudam-informacii-od-niv-srekjna-sum-shto-pobegnav-od-toj-zhivot-07.jpg

Денес Алиа е мајка на едно дете и живее во Лос Анџелес. 

Прочитајте и: „Јас сум поранешен шпион – тренирана сум да ги заведувам метите, имав секс обука на академија“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg