Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ
- Детали
- четврток, 13 март 2025
По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил дека лаптопот му е поврзан за електронската табла и сите ученици виделе дека гледа филмови за возрасни на часот по физика.
Наставникот Разиф Нургалиев (62) oд Русија си дал отказ од работа, откако на работното место во училиште во руското село Ташкиново, во близина на градот Нефтекамск, бил фатен како гледа порно филмови на својот лаптоп за време на час.
фото: depositphotos.com
Село Ташкиново
Тоа се случило за време на часот по физика кој им го држел на ученици од 13-14 години.
Некој го снимил професорот, а видеото стана вирално.
На видеото се гледа дека тој се насмевнува гледајќи ја содржината за возрасни на својот компјутер.
Немилиот настан се случил кога Разиф заборавил дека неговиот лаптоп е поврзан со електронската табла и на таблата пред учениците осамнала голотијата што тој ја гледал.
На почетокот тинејџерите од училиштето биле обвинети дека му направиле шега на професорот, но потоа тој признал дека навистина гледал.
„Кликнав на нешто и ми се отвори“, изјавил тој и рекол дека немал намера да гледа експлицитен материјал, туку содржината случајно му се отворила.
По изливите на бес од родителите на децата за овој инцидент, Разиф одлучил да си даде отказ.
Разиф работел како наставник речиси 40 години.
Настанот го обиколи светот:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





