-->
-->


Рибар поминал 95 дена изгубен среде Тихиот Океан во својот брод: „Јадев лебарки за да преживеам“

Рибар од Перу преживеал 95 дена на својот рибарски брод во Тихиот Океан откако залутал и се изгубил по силна бура.

ribar-pominal-95-dena-izguben-srede-tihiot-okean-vo-svojot-brod-jadev-lebarki-za-da-prezhiveam-01.jpg

61-годишниот Максимо Напа Кастро запловил во океанот на 7-ми декември од пристаниште во гратче на јужниот брег на Перу.

Во својот рибарски брод имал доволно храна за две недели, колку и што планирал да му трае патувањето.

Но, на десеттиот ден го затекнала силна бура, па неговиот брод залутал низ океанот.

ribar-pominal-95-dena-izguben-srede-tihiot-okean-vo-svojot-brod-jadev-lebarki-za-da-prezhiveam-04.JPG

Кога не се вратил дома, неговото семејство веднаш пријавило, но спасувачките екипи никако не можеле да го лоцираат.

Максимо бил пронајден минатата среда (12.03), оддалечен дури 1.000 километри од брегот.

Бил дехидриран и во критична состојба по 95 дена без доволно храна.

„Не сакав да умрам. Јадев лебарки, птици и последно што јадев беше морска желка“.

ribar-pominal-95-dena-izguben-srede-tihiot-okean-vo-svojot-brod-jadev-lebarki-za-da-prezhiveam-03.JPG

Доста често на рибарските бродови може да се најдат лебарки и други инсекти, што на Максимо секако му било во прилог додека траела неговата голгота.

Максимо вели дека на бродот успевал да собере вода од врнежи од дожд, но останал без храна.

ribar-pominal-95-dena-izguben-srede-tihiot-okean-vo-svojot-brod-jadev-lebarki-za-da-prezhiveam-06.JPG

Притоа, не се наоѓал во област каде што може да лови риба, додека две недели пред да биде најден веќе немал сила ни да лови птици.

Па, вели дека пред да го пронајдат, немал јадено скоро 15 дена.

„Имам внука која нема наполнето ни една година. Постојано мислев на неа, но и на мајка ми. Благодарен сум му на Бог што ми даде втора шанса“, вели рибарот за телевизија во Перу.

ribar-pominal-95-dena-izguben-srede-tihiot-okean-vo-svojot-brod-jadev-lebarki-za-da-prezhiveam-02.JPG

Мајката и ќерките на рибарот, пак, велат дека никогаш не изгубиле надеж дека ќе биде пронајден.

Иако бил во критична состојба, Максимо брзо се стабилизирал откако му била дадена соодветнатамедицинска помош.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg