„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“
- Детали
- недела, 21 јули 2024
Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговата сестра да добие бебе. Неговото семејство по малку наликува на шпанска серија, зарем не?
Адам Зејден (25) е британски инфлуенсер кој ја раскажува својата приказна за тоа како на неговата сестра Џејд и нејзината партнерка Еифје им помогнал да си го остварат долго посакуваниот сон - да добијат бебе.
Како што вели, тие две живеат во Амстердам каде Џејд се занимава со истражувачка дејност, а Еифје е ветеринар.
Двете партнерки се обидувале да добијат дете уште од 2018-та година, но со оглед на тоа што здравственото осигурување во Холандија не покрива вештачко оплодување, тие се соочиле со голем проблем.
„Почнаа да се состануваат со потенцијални донори, па нивната потрага беше долготрајна“ – раскажува Адам.
Но, како што вели, она што ѝ паѓало најтешко на неговата снаа е тоа што мажите вообичаено ѝ предлагале да ја оплодат по природен пат, а не со асистирање.
Еден од нив, дури и одлучил да го прекине договорот за донорство, откако дознал дека работите нема да се одвиваат по природен пат.
„Тој буквално си заминал откако им рекол дека сака работите да ги направи по природен пат.
Сакаше да има секс со мојата снаа – што воопшто не беше во согласност со она што тие го бараа“ – раскажува тој.
Адам имал можност да гледа како неговата сестра и снаата поминуваат низ вистинска емоционална бура, обидувајќи се да го остварат својот сон.
„Се отворате себеси и дозволувате да бидете ранливи. Во основа, каните непознати луѓе во вашиот живот.
Потоа станувате зависни од тие странци да ви ги остварат најголемите соништа“ – вели тој.
По ова, двете партнерки одлучиле да ја побараат помошта од Адам, кој вели дека воопшто не се двоумел за да им помогне.
Така, во јуни 2022-ра година, неговата снаа Еифе останала бремена, а бебето го родила на 18-ти март, 2023-та година.
Сега, семејството има навистина комплицирани семејни односи. Адам му е биолошки татко на бебето, но тоа го знае како „биби“ или вујко, а неговата втора мајка Џејд, всушност му е биолошка тетка.
Б. С. Б. | Црнобело