Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Александар Динев објави фотографии од болнички кревет: „По 6 години болка направив операција - ми дијагностицираа варикоцела“

„Секоја болничка врата што ја отворав, се затвораше со разочарување. И така, со години. До пред еден месец. Кога веќе не можев да трпам. Ја фатив мајка ми за рака и ѝ реков: „Ајде уште еднаш. Само уште еднаш да пробаме...“ Влеговме во една приватна болница и буквално за 5 минути ми го кажаа она што државниот систем 6 години не знаеше да ми го каже, а тоа е 'Имаш варикоцела'”, вели тиктокерот Александар Динев. Варикоцела е проширување на вените во скротумот (ќесичката што ги содржи тестисите).

aleksandar-dinev-objavi-fotografii-od-bolnica-i-napisha-po-6-godini-bolka-napraviv-operacija-01.jpg

Тиктокерот Александар Динев откри дека вчера (15.04) направил операција, поради варикоцела.

По долги години одење по доктори, конечно му била поставена вистинската дијагноза и даден соодветниот третман.

Варикоцела е проширување на вените во скротумот (ќесичката што ги содржи тестисите), слично на појавата на проширени вени на нозете, но се јавува околу тестисите. Најчесто е безопасно, но може да дојде до појава на болка и други компликации, а во многу ретки случаи и неплодност.

aleksandar-dinev-objavi-fotografii-od-bolnica-i-napisha-po-6-godini-bolka-napraviv-operacija-04_copy.jpg

Александар Динев објави фотографии од болница и напиша:

„Денот кога конечно ја направив мојата прва операција. После 6 години болка, конечно можам да кажам - „Заврши!”

Секој што ме познава, знае колку ја сакам физичката активност, трчање, пешачење, движење.

Но, она што никој не знаеше е дека секој мој чекор беше придружен со болка. Болка која беше постојано таму, болка што ме ограничуваше, ме тераше да се чувствувам како роб во сопственото тело.

Секоја посета на доктор завршуваше со истиот одговор: „Пиј парацетамол и ќе помине.“

Секоја болничка врата што ја отворав, се затвораше со разочарување. И така, со години.

До пред еден месец. Кога веќе не можев да трпам.

Ја фатив мајка ми за рака и ѝ реков: „Ајде уште еднаш. Само уште еднаш да пробаме...“ Влеговме во една приватна болница и буквално за 5 минути ми го кажаа она што државниот систем 6 години не знаеше да ми го каже, а тоа е „Имаш варикоцела”.

И за првпат… некој ме сфати. Ме слушна. Ми помогна.

aleksandar-dinev-objavi-fotografii-od-bolnica-i-napisha-po-6-godini-bolka-napraviv-operacija-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“ Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски ...
„Ќе бидеш истиот каде и да си - добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3“ - Александар Тарабунов спод... „Секогаш ќе бидеш истиот каде и да си. Добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg