„Ќе бидеш истиот каде и да си - добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3“ - Александар Тарабунов сподели поема за Андреј ДНК
- Детали
- четврток, 20 март 2025
„Секогаш ќе бидеш истиот каде и да си. Добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3. Со тебе растеа генерации, со твоите песни од животни ситуации. Во маало сите те памтеа по старите дружби луди. Таков си беше ти, со сите беше брат...“, стои во поемата напишана за Андреј, која ја сподели Александар Тарабунов.
Aлександар Тарабунов ја сподели својата болка и тага по смртта на Андреј од ДНК, но сподели и какви детски и тинејџерски спомени носи од дружбите со Андреј, ставајќи поема за него на Инстаграм Стори.
Тарабунов споделува колку значаен лик бил тој во дружбите во населбата во Карпош 3 и колку сите го обожавале.
Дали се негови зборови или само се пронашол во нив не знаеме, но токму на овој начин го гледаат Андреј луѓето од Карпош со кои се дружел.
Неговата објава за тоа каков човек бил Андреј гласи:
„Aндреј од Карпош 3
Секогаш ќе бидеш истиот каде и да си.
Добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3.
Со тебе растеа генерации,
со твоите песни од животни ситуации.
Имаше глас што сите нѐ буди,
во маало сите те памтеа по старите дружби луди.
Таков си беше ти, со сите беше брат.
Сега, во овие денови црни,
ко некој да нѐ дави за врат.
Ќе ни фалиш засекогаш
и во животот ќе ни бидеш водилка ти.
Ќе нѐ потсетуваш да помагаме на луѓе беспомошни
како што тоа го правеше ти
Андреј од Карпош 3.
Вечна ти слава“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





