Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК
- Детали
- вторник, 18 март 2025
Сопругата ја запознал во бутик, а за ќерката Јана велеше дека пополнила голем празен дел од него. Заедно со Панчо, долги години им подаваа рака на сите на кои им требаше помош. Андреј Ѓорѓиески беше многу повеќе од музичар...
„Срце големо како планина“, „Еден од најхуманите луѓе на естрадата“ „Другариште“ - ова се само дел од епитетите кои Андреја Ѓорѓиески или едноставно, Андреј ДНК ги носеше во текот на својот краток живот.
Беше еден од омилените музичари кај нас, човек со огромна желба да помогне секому, да подаде рака кога треба.
Не постоеше човек што не го сакаше, а ако имаше такви, дури и тие му симнуваа капа и не можеа да премолчат пред неговите несебични и големи хумани дела.
И иако животот беше пред него, Андреј загина трагично за време на кобниот настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на само 43 години.
Очевидци велат дека иако успеал да излезе од дискотеката, се вратил назад за да им помогне на оние кои останале. Несебичен, хуман, храбар до последниот здив.
Во Кочани, престана да чука срцето на Андреј, но ќе продолжи да живее во неговата ќерка Јана, и преку сите негови песни.
Во сеќавање на Андреј, се потсетуваме на неговата животна приказна:
Роден е во Скопје на 09.02.1982 година.
Брзо по неговото раѓање семејството се преселило на Косово, каде што со родителите и брат му останале да живеат до 5-тата година на Андреј.
Оттаму се вратиле во Македонија и следните 6 години живееле во Дебар, родниот град на татко му.
Андреј честопати знаеше да каже дека во Дебар ги поминал најбезгрижните детски денови и дека покрај езерото имало мала плажичка на која одел постојано кога бил дете.
Како дете пеел во хорот на Запро Запров.
Завршил нижо и средно музичко училиште, а студираше на Музичката академија во Скопје.
Кариерата како пејач ја започна со групата ТНТ, а во неа членуваше заедно со Живко Бадев и Виктор Крстевски (помалиот брат на Франц од „Нокаут“).
Уште со првата песна „Блиц афера“ направија вистински бум кај нас, а потоа ги снимија и „Во боја“ и „Минско поле“, но бендот се распадна.
Некако во тоа време, Андреј почнал да се дружи повеќе со Владимир Блажев - Панчо, кој, пак, тогаш беше член на „ОК Бенд“.
Двајцата момци решаваат да почнат да пеат заедно и во 2001 година го пуштаат првиот сингл - „Девојка за везден“.
Песната е на Александар Ристовски - Принц, кој е и „кум“ на бендот, односно им предложил да се викаат „ДНК“.
Долго време Андреј беше дел и од К-15 продукција и се појави и како „актер“ во скечовите на Васко Тодоров (Тошо Малерот), Бубо Каров (Цацко Конопишки) и Бранко Огњановски (Миле Паника).
Тој сними 7-8 скеча со момците, меѓу кои и „Немој да те нема зашто нема да те има“, „Кој ми ја зема кифлата“ и „Кој е тука Џони?“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





