Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“
- Детали
- петок, 22 ноември 2024
„Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако научите да патувате со стравот, по пат ќе правите сè што е интересно“, вели Маја Платнар од Скопје, која пред 14 години ја добила дијагнозата мијастенија гравис.
Маја Платнар од Скопје е класичен филолог и сопственичка на ресторанот за жива храна „БистРо Здраво Живо“.
Таа пред повеќе од една деценија ја добила дијагнозата мијастенија гравис. Но, со истата низ годините се справува/ла со оптимизам и насмевка.
Токму во болеста пронашла инспирација да биде силна и да ги оствари сите свои соништа.
На денешен ден (22.11) пред 14 години ја добила оваа дијагноза и по тој повод на нејзиниот Фејсбук профил напиша емотивна објава.
Објавата на Маја:
22 Ноември
Не знам дали ми е најтешкиот или најсреќниот ден
Да знаеш што ти е воедно е тага, оти нешто ти е, ама и радост, оти знаеш што ти е.
14 години како ми кажаа, болна си.
14 години секој ден борба, секој ден желба да се каже, здрава сум.
Денес, и по 14 години, ви кажувам среќна сум оти здрава сум.
Благодарна сум за секој ден, за секој миг, за секој здив.
Благодарна за стравот највеќе.
Верувајте ми дека не е лесно да ви биде сопатник, но вреди, оти ако научите да патувате со стравот, по пат ќе правите сè што е интересно.
Животот е краток, редок, прекрасен, полн восхит и затоа знам дека сакате, бидејќи јас сакам, да правите само интересни нешта.
И не дозволувајте да не го цените здравјето оти го имате.
Телото слуша сѐ што умот кажува.
Миг е животот.
Минавме и минуваме здравствени бури, чуда, корони
Сечија желба на светов е здравје.
Тоа е сѐ што ни е потребно за среќа.
Стравот нѐ натера да се согледаме, да сме повнимателни, да љубиме како да нема утре.
Здрава сум, никогаш посреќна и сакана.
Толку е просто.
Само нека потрае.
Има толку љубов има во мене
Вријам.“
https://www.facebook.com/maja.platnar/posts/pfbid0y55zaat5YHqJHhKvmhUpq7wb8i917nFbygeJ2w2iLems5wuzecavciYifyZFpWRel
Прочитајте и Маја од Скопје: „На 30 години дознав дека имам ретка автоимуна болест, учев да одам и да се смеам без затегање повторно“
С. С. | Црнобело