Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК
Андреј е еден од музичарите кои во спонтан разговор дошле до идеја дека треба да се формира наша продукција, а која ќе се грижи за кариерата на македонските артисти.
Иако скромно велеше дека тој не е иницијаторот на идејата, музичарите сепак го наведуваат него како идеен творец на продукцијата.
Ѝ го даваат името „Продукција Република“, па освен ДНК, како ексклузивци на продукцијата се и Влатко Лозаноски Лозано, Раде Врчаковски - Врчак, Адријан Гаџа, Димитар Андоновски, Магдалена Ена Цветкоска, Тамара Тодевска, Дарко Илиевски и многу други.
„Во тоа време експлодираше како експанзија нашата музика што ја креиравме преку песните што ги правевме со Врчак и Панчо, а меѓу нив беа и ‘Навлечен на тебе’, ‘Пази се од мене’, ‘Полна месечина’, време во кое се дружевме многу, но и многу учевме еден од друг.
Криво ми е што таа продукција згасна брзо“, рече во едно интервју Андреј.
Тој никогаш не престана да се дружи со луѓето од продукцијата, но сепак, еден од најблиските пријатели од јавната сцена му беше пејачот Наум Петрески.
„Наум иако пее народно, не го слуша истото толку многу. Тој на почетокот на кариерата бил рокер. Па, кога ќе седнеме заедно, знаеме да викнеме некој добар рок“ - зборуваше Андреј за необичното пријателството со фолк-пејачот.
Андреј скоро 10 години беше во брак со Наталија.
Со сопругата се запознале случајно, во бутик во кој работела таа, почнале да комуницираат преку социјалните мрежи и Андреј ја поканил на состанок.
Парот ја има ќеркичката Јана (родена на 29 ноември 2015).
„Јана во мене пополни еден празен дел и веќе во огледало не го гледам Андреја, туку сè повеќе ја гледам неа“ - рече тој за ќерката.
Андреј, заедно со Панчо, важеа за едни од најголемите хуманитарци кај нас.
Тие им помогнале на многу семејства, деца без родители, луѓе со уништени домови...
Не беше тајна дека од секој настап на бендот, еден дел од заработката оди во посебен фонд - пари кои ќе се донираат на оние на кои им треба најмногу.
Својата хумана страна ја покажа и со учеството во кампањата „Моето срце живот за двајца“, чија цел е да се поттикне донирањето органи.
„Додека си здрав не размислуваш за болести и не сфаќаш дека животот е непредвидлив. Денеска си тука, утре може да те нема. Начинот на кој живееме е многу брз и може да си ја наплати својата цена.
Затоа не викај дека ништо не може да ти се случи. Сакај си го животот, живеј го најубаво што знаеш, а потоа помогни на некој на кој навистина му треба.
Знам дека нема замена за загубата на својот близок, но можеш да помогнеш многу, да поделиш љубов, да подариш орган“ - вели во пораката.
Андреј својот живот го загуби трагично на само 43 години, по страшниот пожар во дискотека во Кочани, во која починаа вкупно 59 лица, а преку 150 беа повредени.
Повеќе фотографии во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





