Сара Мејс и синчето Кирил лежат во болница во Козле – „Мајка мора сè да направи за да го задржи детето во кревет“
- Детали
- петок, 14 март 2025
„Кирил е конечно малку подобар, ќе одморам и јас троа“ – напиша Сара Мејс, откако објави серија фотки од сите занимации кои ги имале со синчето Кирил, со кое лежи во болницата во Козле. Таа покажа како изгледа пожртвуваноста на мајките, но и храброста на детето.
Сезоната на вируси ги полни болниците со пациенти, посебно мали дечиња, а Сара Мејс на Инстаграм Стори неколку денови објавува фотки на кои се забележува дека со синчето Кирил се во Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле.
Таа прикажа како малиот Кирил си игра со диносауруси за време на болничкиот престој, но ги пофали и блиските роднини кои им испратиле подарок и го израдувале момчето.
Вчеравечер, пејачката сподели серија фотографии во кои покажа какви сè занимации смислува со синот, за да може да го задржи во кревет додека трае лекувањето.
„Сума сумарум, кога имаш детенце што треба да е врзано за кревет во поголемиот дел од времето, а сака да си игра пустото, не фотосесии, не шишиња пунети со тоалет, не ранење гулаби, сè ќе смислиш...
Ако имате некоја предлог идеја за игра и како да му направам интересно додека сме тука, пишувајте ве молам, никогаш доста. Аа игравме и базен од чаршафи за диносауруси“ – напиша таа на едно Инстаграм Стори.
Димитар Атанасовски пак, откри дека ова му е најлошиот период во животот, бидејќи има многу работа и ангажмани, а истовремено неговиот суперхерој син е во Козле, па напиша:
„На крај од денот, сфаќаш дека само тој и сестра му се најважни“.
Сара не кажа за што точно станува збор, но откри дека Кирил е конечно подобар, па дека можеби и таа малку ќе одмори по деновите поминати во неспиење, а на сите кои минуваат низ ова периодов, им посакуваме брзо и лесно закрепнување.
Уште неколку фотки со кои Сара откри како се занимаваат за време на болничкиот престој со Кирил:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





