Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде...

На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј. На денешен ден именден празнуваат Кирил, Кире, Киро, Методиј, Мето, Менде...

denes-e-sveti-kiril-i-metodij-srekjen-imenden-kiril-kire-metodija-mende-01.jpg

Свети Кирил и Методиј се слави како ден на словенската писменост и култура кај нас, но и во Русија, Украина, Бугарија, Словачка, Чешка...

24-ти мај има големо значење за нас Македонците, пред сѐ како ден кога се слават првите словенски просветители и учители, а црковно светите браќа уште се нарекуваат и „рамноапостолни“.

Односно, се смета дека се рамни на апостолите во поглед на ширењето на христовата вера и религија.

denes-e-sveti-kiril-i-metodij-srekjen-imenden-kiril-kire-metodija-mende-02.jpg

Солунските браќа ја создадоа првата словенска азбука наречена „глаголица“, која имала 38 букви, превеле голем број црковни книги од грчки на словенски јазик, а оставиле огромно влијание врз ширењето на писменоста и воопшто на христијанството меѓу словенските народи.

На повик на царот Ростислав, тие заминале во Моравија каде ја распространиле и ја утврдиле христијанската вера, па ги умножиле книгите и им ги дале на свештениците да ја подучуваат младината.

Подоцна, на повик на папата заминале во Рим, каде Кирил се разболел и починал (на 14.02.869 година).

denes-e-sveti-kiril-i-metodij-srekjen-imenden-kiril-kire-metodija-mende-03.jpg

Методија се вратил во Моравија, па оттаму во Охрид, каде починал на 6-ти април 885-та година.

Нивното свето дело подоцна ќе биде продолжено од нивните ученици Климент и Наум, како и голем број други.

На почетокот, Црквата одделно го празнувала споменот на светите браќа, на деновите на нивното упокојување, но подоцна било утврдено дека светите рамноапостолни браќа треба да се празнуваат во ист ден, затоа што се браќа, но и затоа што извршувале иста дејност.

Прво се размислувало овој празник да се празнува само на 6-ти април, но со оглед на тоа што најчесто овој ден се паѓа за време на строгите велигденски пости кога е забрането свечено празнување, било одлучено датумот на празникот да се промени.

denes-e-sveti-kiril-i-metodij-srekjen-imenden-kiril-kire-metodija-mende-04.jpg

Во 1863-та година, за време на празнувањето на илјадагодишнината од Моравската мисија, било одлучено празникот на сесловенските просветители да се одбележува на 11-ти мај (според стариот календар) односно 24-ти мај (според новиот).

Кај нас, во рамки на овој ден се организираат голем број културни настани, но и свети литургии во црквите и манастирите.

Свети Кирил и Методиј се слави и како куќна слава, но и како именден на оние што ги носат имињата Кирил, Кире, Киро, Методиј, Мето, Менде...

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg