Андреј, сите членови и фанови на ДНК, ни земавте дел од срцето: Македонија мисли на вас - нема да ве заборавиме
- Детали
- понеделник, 24 март 2025
Од тату артист кој направи тетоважа со ликот на Андреј од ДНК до Кенијка која со солзи во очите пее песна од ДНК, Македонија ве слави и нема да ве заборави никогаш. Ни земавте дел од срцето, Андреј и сите настрадани членови од ДНК, заедно со вашите млади и посветени фанови.
Македонија нема да ве заборави. Регионот нема да ве заборави. Ни земавте дел од срцето и засекогаш го одведовте со вас.
Ти Андреј, вие членови на ДНК и вие млади фанови на ДНК, кои само сакавте да ја славите нивната музика, а, за жал, заедно заминавте на пат кон вечноста... Ќе недостигате!
Македонија имаше 7 дена на жалост, но ќе жали многу повеќе, ќе жали засекогаш. Нема да бидете заборавени.
Се пеат песните од ДНК по социјалните мрежи, се споделуваат стари видеа со нив, се слави Андреј со тетоважа од неговиот лик...
Македонија нема да ве заборави:
Емакулате Вандера Блажеска – Кенијка која живее во Македонија во име на љубовта и работи како водителка, откри дека ДНК ѝ бил омилен бенд и пее песна од нив.
„Тие што ме познаваат знаат дека сакам да ги пеам и да танцувам на песните на ДНК.
Јас сум нивен голем фан и ова што се случи навистина премногу ме погоди.
Никогаш не знаев дека еден ден ќе пеам со толку тага во моето срце.
До сите фамилии на настраданите, ви испраќам љубов и сила да издржите во овие тешки мигови.
Ништо што би кажала не може да ја тргне болката што ја чуствувате, но тагата што ја чувствувате нека биде осветлена од љубовта што ве опкружува.
Денес и секогаш нека убавите спомени ви донесат мир, спокој и сила. Голема почит до сите можат да им што помогнавте и продолжувате да помагате на различни начини.
Сите сме си потребни едни на други секој ден, бидејќи никој не знае што носи следниот ден.
Кочани со тебе сме...“
Кликнете на видеото:
Придружниот вокал на ДНК, Ана Костадиновска, која ја преживеа несреќата и работи како професорка, беше изненадена од учениците со многу цвеќиња и мечиња.
„Вие сте мојата насмевка и сила. Ве сакам деца мои“.
Тату артистот Марко Тасевски направи тетоважа од ликот на Андреј од ДНК и напиша:
„Почивај во мир пријателе...“
Хумани дечки од Кочани ја направија страницата supportkocani.com за сите хумани луѓе да им донираат директно на семејствата на настраданите во пожарот.
Страницата е креирана од група кочанчани, предводени од Ненад Вржалски и Иван Ивановски.
Кликнете на видеото:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





