Андреј, сите членови и фанови на ДНК, ни земавте дел од срцето: Македонија мисли на вас - нема да ве заборавиме

Иван Ивановиќ во својата емисија посвети трогателна изведба на „Зајди, зајди“, од бендот во неговата емисија, за жртвите од пожарот (на видеото од 49 минута).

„Оваа музичка нумера ја посветуваме на нашите пријатели од Македонија. Испраќаме љубов и поддршка од Белград и Србија“.

Водителот Жарко Димоски најави дека ќе има цела епизода „Еден на еден“ посветена на Андреј и бендот ДНК, едни од неговите најредовни и најомилени гости.

„Недела, 30 март, компилациска „Еден на Еден“ посветена на загинатите во кобната вечер на 16 март и нашиот голем пријател Андреј и ДНК“, пишува на Инстаграм профилот на „Еден на еден“.

Кликнете на видеото:

Одговорните од емисијата „Бекстејџ“ се потсетија на гостување на Андреј, каде вели дека главната причина за среќа му се ќерката, сопругата, добра музика и пивце и најавија емисија посветена на него.

„26 март, среда - Бекстејџ издание посветено на Андреј Днк.

18 години беше дел од нас. Не затоа што требаше, туку затоа што сакаше. Ни се јавуваше и кога немаше нова песна, само да праша „Што правите и дали сте добри“?

А кога ќе зборуваше за дома – очите му светеа.
Секогаш со гордост зборуваше за својата сопруга и ќерката Јана. Таму, во тие зборови, беше целото негово срце.

Затоа, оваа среда Бекстејџ е за него. Не од обврска, туку од љубов. Ќе зборуваме без сценарио. Ќе го пуштиме срцето да каже сѐ што ние не знаеме да напишеме.

Оваа среда не зборуваме за кариера, ниту за сцена, ниту пак за хитови. Зборуваме за човек. Наш и ваш.

Среда, 26 март. Бидете со нас! За Андреј“, напишаа тие.

Кликнете на видеото:

Видео од гостување на ДНК во „Дајте музика“, кое вирално се споделува.

Инстаграм групата „Старо Скопје“ сподели дел од незаборавните хитови на ДНК.

„На оваа објава се потсетуваме на незаборавните хитови на ДНК, дуото кое ја одбележа македонската музичка сцена.

Нивната музика живее и понатаму, оставајќи трага во срцата на генерации“, напишаа тие.

Кликнете на стрелката десно за да ги слушнете песните:

Сопругата на Андреј, Наталија, сподели фотографија од Андреј и ќерката Јана на нејзиниот Инстаграм профил. Тука болката веќе не се мери со зборови...

andrej-i-site-chlenovi-i-fanovi-na-dnk-ni-zemavte-del-od-srceto-kako-makedonija-ve-slavi-na-socijalnite-mrezhi-05.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Фан на ДНК за повредените членови: „Панчо те чекам на гушкање, Горан не се давај мали - ќе ти попушт... „По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо. На п...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“ „Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напа...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg